Почетокот на летото го стартуваа со вистински летен хит, кој полека, но сигурно, одлично е прифатен од страна на публиката. Станува збор за момците од групата „Хепи енд“, кои заедно со двоецот Лазар и Магдалена Цветковски, ја создадоа нивната прва авторска песна, во поп- рок фазон „Кога би била моја“. Песната беше промовирана заедно со спот, кој го изработи „Фабрика продукција“.
„Хепи енд“ функционираат од 2012 година, а досега свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, односно на нивни концерти како предгрупа, а летово конечно го промориваа и своето првенче, но ветувањето е дека не застануваат тука, односно многу наскоро ќе продолжат со нови авторски проекти.