Ноктите обоени според хороскопот
Овен
Секако дека сакате да бидете поинаква и само своја, а тоа најдобро ќе го покажете со топла портокалова нијанса на своите нокти. Сончеви нокти за предводникот во хороскоп.
Бик
Како и другите земјени знаци и вие ја исклучувате фантазијата, затоа за вас е идеална темнозелената нијанса на лак за нокти.
Близнаци
Вие сте врцкава, симпатична и недофатлива, па ви прилегаат различни нијанси – виолетова, костенлива и тиркизна, но запрете на бојата на сребро, зашто токму таква нијанса ќе ви го разигра расположението.
Рак
Водените знаци едноставно уживаат во транспарентни нијанси, но и во живи бои. На една дама- Рак, сјајните, бисерно бели нокти и се неодолив женствен додаток, а блескаво розов, знак на лудост, што треба да се искористи.
Лав
Да, имате право, светкавците додадени на транспарентниот лак за нокти, се вистински избор. Се разбира, ниту црвената не ви е лош избор, но лакот нанесете го во неколку слоеви.
Девица
Кај вас, всушност нема дилеми, зашто кафеавите нијанси на лакови најдобро им прилегаат на вашите раце, но и на вашиот карактер. Тоа, всушност, воопшто не е чудно, зашто потемните бои треба совршено уредно да се нанесат, а кој ќе го направи тоа подобро од Девиците.
Терезија
Во парфимериите навистина постојат голем број на нијанси и бои на лакови. Поради нерешителноста ви предлагаме различни бои на вашите нокти.
Скорпија
Ако сакате да и удоволите на својата желба за возбудувања, решете се тиркизно син лак за нокти. Оваа боја сама за себе е доволно шокантна и говори за решителноста и посебноста.
Стрелец
За сите скитнички прошетки, кои што траат до долго во ноќта, потребна ви е вистинската нијанса на лак за нокти. Може ли нешто да биде понежно од виолетова нијанса што блеска? Се разбира, бојата и сјајот зајакнете ги со внимателно нанесеување на лакот во два слоја.
Јарец
Своите нокти „облечете ги” во злато, што светка нерамномерно и на најмало светло. Светките на ноктите се вистински избор, иако сметате дека се пренападни.
Водолија
Својата страст нагласете ја со интензивна боја со висок сјај, што на ноктите ќе изгледа сосема необично, би се рекло дури и неприродно. Но, само на вас црниот лак за нокти изгледа како додаток за памтење.
Риби
Ги мешате реалноста и соништата, а топлината на своите чувства сакате да ги нагласите со по малку студени бои. Нежната сиво-кафеава нијанса е вистинска рамнотежа за да ги помирите своите чувства.