Тања Турунџиева: Доматот го зајакнува срцето
Домат има преубав вкус, а во него има ликопeн кој е во клетките на телото и се бори со слободните радикали и паразити, кои се опасни по здравјето. Доматот потекнува од многу топли и дождливи подрачја, најчесто тоа се суптропски краеви а го има и кај нас.
Доматите имаат заедничко нешто и со нас луѓето: 70% содржат ликопен, еден поспецифичен ( во нашиот организам најчест ) вид на каротен. Ликопените кај нас ги стабилизираат и штитат мембранските клетки, но исто така и безбројните таканаречени органели, кои се акумулираат во нашите ткива како што се митохондриите, во кои се согоруваат мастите. Истата функција ликопенот ја врши и кај доматот. Без таква заштита најпрво би ни попуштил видот ( тоа е како предупредување), потоа слузницата во целиот организам би се оштетила, со што би се изгубила целата заштитна функција при напад од вируси, габи или бактерии. Последиците можат да бидат различни, но и најтешки заболувања ( вклучувајки и рак).
Доматите можат да се најдат и купат во текот на целата година и со прилично добар квалитет. Но, најздрави и највкусни се летните домати.
Во својот состав покрај ликопенот тие имаат големо колочество на биотин (Б-витамин за добра кожа, коса, нокти). Б3 витаминот е и за добро расположение и убав сон.
Во својот состав домат содржи и фолна киселина (за подобрување на крвта, јакнење на имунитет), витамин Ц, витамин Е. Богат е и со калиум и цинк.
Увезените домати најдобро е да се лупат кога се конзумираат бидејки најчесто се прскаат со пестициди и со други хемикалии, за да траат подолго. Доматите што се позрели, толку повеќе во нив има тирамин од аминокиселините на тирозинот. Тираминот е супстанца која ги разградува и која го подига нивото на шеќер во крвта и го подобрува расположението. Па затоа- колку позрели домати, тоа подобро.
Доматот ја подобрува внатрешната структура на клетките и го стимулира ослободувањето на клеточните супстанции, ја штити и ја зајакнува слузницата во целиот организам, спречува создавање на инфекции ( ги убажува и ги лечи воедно инфекциите), го јакне срцето, помага за здрава кожа, помага за регулирање на нивот на шеќер во крвта, го оживуваат мозокот и нервите, помага при хроничен замор, потпомага во создавање на хормони.
Доматот го подобрува расположението и го потикнува добриот сон, го зајакнува срцето, го подобруваат проблемот со мокрењето, помага при опстипација и при создавање на хемороиди.
Морам да напоменам дека тие што патат од хроничен гастритис или бубрежни исуфиенции, треба да внимаваат при консумирање на доматот.