Фолк пејачката Благица Павловска на свадба кај колешката Јасмина Мукаетова пристигна со трите нејзини кучиња. Таа е голем љубител на животните и не само што дома чува три миленичиња, туку е позната по тоа што им помага на напуштените и повредени животни.
-Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат. Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам. Редовни посетители сме кај доктор Марин Величковски, прочистени, вакцинирани, избањати. Јас постојано сум на релација Скопје- Охрид и тие се со мене. Се навикнаа да се возат и уживаат на задно седиште. Не ги чувам во бокс додека се возат. Тие се научени веќе на патување и нема никаков проблем. Мирни се и што е најважно ако се земени од различни места се запознаа, се засакаа и се дружат меѓу себе. И сега кога требаше со Тале да одиме на свадба кај Јасмина доаѓавме од Охрид, но потоа одевме за Скопје и немаше никаква шанса да ги оставам сами. Кога дојдовме во ресторанот вработените ни излегоа во пресрет, па ги сместивме во бокс и им ставивме вода и храна. Кога заврши свадбата си дојдовме во Скопје, вели Благица. (В.М.)