Фестивалот „Макфест“ годинава ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври на познатата сцена во Домот на културата во Штип. Фестивалот оваа година ќе биде базиран на македонски автори и изведувачи. Уметничкиот директор, Владимир Дојчиновски вели дека има изведувачи и автори од сите генерации,односно од автори кои во минатото го создаваа „Макфест“ до нови кои допрва се афирмираат.
-Ќе има автори од сите генерации како Кире Костов, Григор Копров, Ванчо Димитров, Огнен Неделковски,Љупчо Мирковски,потоа автори кој оставија трага во осовременување на фестивалот, како Дарко Димитров, Весна Малинова- Бабамова, Ристо Самарџиев, Роберт Билбилов, Хари Котларовски, Кристијан Габроски, Елена Ристеска, Магдалена Цветкоска, Лазар Цветкоски, Јован Јованов, Иван Јованов,Елвир Мекиќ, Баже Темелков, Џина Папас Џокси, Горјан Стојановски и Роберто Поп Димитров, како и автори кој допрва треба да го обликуваат како, Иле Спасев, Филип Неделковски, Робин Зимбаков, Дејан Лилиќ, Панче Касапски, Бертан Аслани, Симеон Коруновски, Игор Узунов , Виктор Апостоловски, Томислав Коцевски, Дејан Миленковски,Ивана Димова и други, вели Дојчиновски.
На фестивалот ќе се изведат вкупно 32 песни, поделени во две полуфинални вечери и финале од 18 или 20 композиции.
-За овој фестивал е важно што се враќаат и земаат учество автори и изведувачи што подолг период не беа присутни на „Макфест“. Тоа значи дека ќе настапат Дани Димитрова, Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Роберт Билбилов, Симона Попоска, Антонија Гиговска, Пепа Димитрова, Дзинас Папа Џокси, Маријан Стојаноски, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и „Тајфата“, триото „Џентлменс“, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Лена, Лина Пејовска, Мина Блажев, Анета Василева- Ристова, Игор Узунов, Сара Гиговска, Симеон Коруновски, Наталија Славева, Ивона Јовановиќ,Филип Пешевски, Мартина Митревска, Анастасија Аврамовска, Давид Миладинов, Христијан Проданов, Весна Спасова, Барбара и Наталија Данаилова, додава Дојчиновски.
Годинава ја нема практиката во шоу програмите да настапуваат гости од странство. Овој пат и шоу програмите ќе бидат со македонски изведувачи. Дојчиновски вели дека има во оптек неколку имиња но се уште со одговорните од општина Штип, немаат одлучено кој.
-Измени ќе има и во начинот на гласње. Значи ќе имаме две жирија и нормално ќе гласа публиката во салата. Со колкави проценти ќе учествуваат на крај тие се уште не е одлучено. Значи телевоутинг оваа година нема да има. Имаме прво место со награда од 5.000 евра, второ од 4.000евра и трето 3.000 евра. Исто така ќе бидат доделени и четири стручни награди, за арнажман, текст, интерпретација и сценски настап. За нив ќе се додели парична награда од по 500 евра, вели Дојчиновски. (В.М.)