Магистерот по музичка уметност, Мартин Вучиќ, кој во моментов е перкусионист во Македонската филхармонија ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“. Дознаваме дека потписот врз неговата кандидатура е веќе ставен и дека најверојатно во понеделник и официјално ќе му биде прв работен ден.
-Очигледно сите официјално знаат само јас не. Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор, и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство, вели Мартин.
Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец“.
Мартин освен што е магистер по музика, зад себе има богато музичко искуство и кариера, како инструментално така и вокално. Во 2005 ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Има втора светска награда за ударни инструменти, камерна музика во Софија, Бугарија. Има снимено шест албуми, поп и етно, дел од нив се издадени и надвор од границите на Македонија. Со Мартин и „Перекс“ оркестарот го издаде албумот „Звуците на Македонија“, со кој направија турнеја а концертот во Антички во Охрид се уште се памети. Автор е на многу композиции на песни за колеги а на последното издание на фолк фест „Валандово“ ја доби наградата за најдобар аранжман за песната „Таа, јас и љубовта“ што ја отпеа Кирил Митоски. Три години работеше и како доцент на Факултетот за музичка уметност. (В.М.)