Кои се најдобрите „детокс- води“
Тие се различни и по вкус и по боја и секој човек навистина може да ја пронајде најдобрата комбинација за себе. Покрај тоа, „детокс- водите“ се многу корисни и освежителни.
Патем, детоксикацијата е нешто што на вашиот организам дефинитивно му треба. Тоа е како систем кој секој ден се загадува од храна, пијалоци, животната средина, препарати за хигиена и козметика. Затоа детоксикацијата е толку важна – тоа е начин за отстранување на токсините од телото и е задолжителна за секој човек, независно од начинот на животот.
Пеперминт вода
Нането е корисно за варење и на водата и дава специфичен, неодолив вкус.
Измешајте 250- 350 милилитри вода со 3-4 листови нане.
Ѓумбирова вода
Има антиканцерогени својства а ѓумбир му помага на желудникот да се прочисти.
Како да конзумирате: измешајте вода и ѓумбир. Нека бидат тоа тркалца ѓумбир и во шише ставете 1,5 литри вода и 5 парчиња ѓумбир. Варете 20-тина минути, и потоа оставете ја течноста да се излади. Водата од ѓумбир е добра и за намалување на килограмите од стомакот, колковите и бедрата.
Вода со портокал
Исклучително ефикасен начин да се обезбедите со дополнително количество на витамин Ц, што му е потребен на вашето тело.
Измешајте вода и сок од исцеден портокал.
Вода со сини боровинки
Боровинките се богати со витамини од групата Б, кои помагаат за физичка и психичка ефикасност на човекот. Измешајте вода со грст боровинки. Почекајте 30 минути, исцедете ја водата и дури тогаш пијте.
Вода со брусница
Таа одлично го хидрира организмот и му помага да се бори со токсините.
Измешајте 250- 350 милилитри вода со осум или повеќе смачкани боровинки. Промешајте и почекајте 30 минути пред да пиете од детокс- водата.
Јаболкова вода
Јаболката се од суштинско значење за здравјето на срцето, како и за црниот дроб. Измешајте 500 милилитри вода и десетина парчиња јаболко.
Вода со лубеница
Антиоксиданс со анти-воспалителни својства.
Измешајте 350 – 450 милилитри вода со 2- 4 парчиња лубеница (без семки) и почувствувајте ги благодетите.