Ослабевте пред одмор? Задржете си ги килограмите со есенска диета
Тоа што летото е готово, не значи дека повеќе не треба да обрнувате внимание на вашите килограми. Есенската исхрана може да ги зајакне и подобри веќе постигнатите резултати од летото. Ви предлагаме осум задолжителни јадења за вашата есенска исхрана.
Јаболка
Со оглед на тоа што се сезонско овошје, сега е време да се јадат, што е можно повеќе јаболки. Ниско калорични се, богати со влакна и корисни витамини и минерали. Го одржува нивото на шеќер во крвта, така што нема да чувствувате потреба да јадете нешто слатко и калорично.
Тиква и семки
Тиквата има слични предности како јаболките (ниски калории, витамини, влакна), но исто така има бета каротен. Ако не ви се допаѓа нејзиниот вкус, тогаш барем јадете ги семките од тиквата. Причина – богати со протеини и супстанции како магнезиум, бакар, фосфор, железо, манган, цинк и селен.
Боранија
Боранијата е богата со протеини, брзо заситува и ве држи сити подолго време. Исто така е нискокалорична, така што нема потреба да се грижите.
Лук
Поради антибактериските и антивирусни својства лукот е задолжителен во сезоната на грип. Тој е благодет во исхраната, придонесува во диетата, редуцира масти, го намалува нивото на лошиот холестерол и го држи под контрола хормонот лептин, кој е одговорен за апетитот.
Круши
Крушите се идеални за појадок во есенската исхрана. Покрај тоа што се слатки и сочни, тие се богати со пектин и ве држат сити. Тие се нискокалорични и имаат висока содржина на влакна, што е добро за метаболизмот и варењето.
Калинка
Вклучете ја калинката во есенската салата за да го контролирате шеќерот во крвта и со тоа да ја ограничите вашата желба за слатко. Во 150 калории од калинката содржани се значајни количини на витамин Ц и К, кој ќе го зајакне вашиот имунитет.
Карфиол
Карфиолот е зеленчук кој е исклучително богат со антиоксиданси и витамин Ц. Покрај тоа содржи еднакви количества протеини и влакна, но најдобро е тоа што може да го користите како замена за компир или ориз, кога сте на диета.
Зачини
Не исклучувајте ги зачините на есенските менија. Циметот го потиснува апетитот и го стимулира метаболизмот. Морското оревче го намалува лошиот холестерол, и ѓумбирот може да служи како лек против болки во мускулите. Свежиот магдонос служи како диуретик и ги отфрла непотребните состојки од телото.
Извор: dieti.rozali.com