Тајра Бенкс: Признавам, оперирав нос и имам лажна коса
Глумицата и водителка Тајра Бенкс, која неодамна ги објави своите мемоари под наслов „Совршеното е досадно“ го покажз своето вистинско лице. Таа стави слика на својот Инстаграм профил и покажа како изгледа кога не носи перика и кога нема шминка.
Таа е убавица и со перика и без неа, тоа го покажуваат лајковите и коментарите од нејзините следбеници: “остани таква, не се шминкај, нај убава си…”
Убавата Тајра покрај фотографијата порача дека и таа заслужува малку одмор од екстензии и шминка:
– Понекогаш на периките им треба одмор.
Сепак, во своите мемоари таа призна дека не е совршена.
– Признавам. Имам лажна коса и оперирав нос. Се чувствувам одговорна и затоа одлучив да ја кажам вистината. Крајно време е ние жените да престанеме еднаш засекогаш да се осудуваме меѓу себе за секоја ситница.
Извор:novilist.hr