Тања Турунџиева: Краставица за диета
Храна со малку калории, скоро и да не постои. Зелените зеленчуци,како и краставицата, содржат многу вода, скоро без калории и поприлична количина на биолошки активни состојки за убавина.
Краставиците се вбројуваат меѓу реткиот зеленчук, кои имаат, како внатрешно лековито делување,така и надворешно, лековито дејство.
Постојат најразлични врсти на краставици. Потеклото им е од источна Индија.
Важен состав на краставицата е ерепсин, ензим кој дели белковини и бактерии, уништува бактерии и глисти во цревата, а воедно и ги чисти цревата.
Тоа допринесува големата количина на вода којашто ја има во краставицата (95% содржи вода) во која се лековитите состојки вклопуваат во физиолошки идеален облик.Освен тоа, многу кратко време се задржуваат во желудникот, така што краставицата многу брзо доаѓа на местото за главно делување, цревната слузница. Кој сака да изгуби малку килограми, во краставицата ќе пронајде помош и сојузник: во 100 грама краставица се наоѓаат само околу 14 cal.
Во краставицата не се наоѓа само вода. Таа содржи висок процент на витамин Е, кој се наоѓа во лушпата на краставицата (како заштита од сончевите зраци и слободните радикали).
Богата е со силицијум (кремена киселина), која е после кислородот најраспостранет елемент во природата, јакне кожа, коса и сврзното ткиво. Сокот од краставица го ублажува и лечи изгореници од сонце. Од надворешната употреба краставицата се заштитни и лековити за кожата: исечени кругови од краставицата на кожа, може да ви ги разубават очите ( да не бидат суви, натечени и да помогнат при воспаление).
Лечењето на краставицата е многу благородно. Таа помага за подобро искоритување на белковините, чисти црева, делува на остраснување на токсини од организмот, помага кај симнувањето на телесната тежина, ги намалува бубрежните тежини и тежините со мочниот меур, го јакне имунитетот и слузницата, го јакнее врзивното ткиво, разубавува кожа и коса, ублажува тешкотии со очите, и делува благородно при опекотини од сонце.Краставицата не мора секој пат да се лупи може добро да се измие и да се јаде со корка.
ВАЖНО!
Краставицата мора добро да се изџвака, бидејќи во спротивно може да предизвика стомачни тегови. Индивидуите коишто имаат пролив или ретка столица, не би требало да јадат големи количини.Исто како и некои врсти на лиснат зелен зеленчук, така и краставицата, може да предизвика гасови, грчеви и надувување на дигестивниот систем.
Голем дел од балансираните нутритиви тогаш останува несварен, што предизвикува реакција на цревната флора. Децата треба да јадат краставици откако ќе наполнат 1 година, а сите оние коишто имаат проблем со жолчното ќесе, не треба да ја внесуваат во исхраната.
ТАЊА ТУРУНЏИЕВА