Викторија Бекам: Кога успеав јас, може било кој
Викторија Бекам прослави 10 години од успешна дизајнерска кариера. Но,44- годишната Викторија признала дека на почетокот и немал премногу големи шанси бидејќи во школо воопшто не била популарна. Во интервју за магазинот „Гламур“ таа им дала совет на младите- да ги остваруваат своите соништа.
-Бидете тоа што сте. Уште кога бев млада и членка на „Спајс грлс“ кажував дека е добро да се биде поинаков, па и ако луѓето почнат да ти зборуваат дека не е така, кажете им- токму така е. Продолжете понатаму и верувајте во себе. Ако јас успеав, може било кој, само мора напорно да работите и да бидете опкружени со вистинските луѓе. Се уште сум многу возбудена, бидејќи го работам тоа што го сакам. Јас вистински уживав во последните 10 години, научив многу работи од најдобрите професионалците во модната индустрија, изјавила Викторија за магазинот.