Добро утро : Палачинки, инстант ремек-дело
Мексикански солени палачинки
Потребно е: кромид, масло, 100 г мелено месо, сол, црн пипер, лута алева пиперка, 2 лажици варен грав, 3 лажици пченка од конзерва, 1 лута пиперка, 1 домат или доматно пире, 50 г сирење и магдонос за декорација.
Кромидот се динствува се` додека не стане стаклест, се додава мелено месо, сол, црн пипер, алева пиперка, грав, пченка. Се пропржува, а потоа се става остатокот и се пржи уште 10 минути. Палачинките се полнат со филот и се редат во огноотпорен сад. Сирењето се ренда одозгора и потоа палачинките се печат 10 минути. Се украсуваат со сечкан магдонос.
Пикантни палачинки со шунка
Потребно е: 6 лажици брашно, 6 јајца, 250 г млеко, сол, црн пипер, 200 г варена шунка, мирудии и кисела павлака.
Тестото за палачинките направете го додавајќи му ги мирудиите по желба – ѓумбир, кари… Од млекото и брашното направете сос бешамел, додадете ситно испржена шунка, црн пипер и павлака. Палачинките се полнат со бешамелот, се редат во огноотпорен сад и се преливаат со 2 разматени јајца.
Палачинки со месо на руски начин
Фил: 250 г варено месо, кромид, 2 јајца, 100 г путер, сол, црн пипер и шарена сол.
Се пропржува кромидот, потоа се додава месото. Откако ќе биде готово, се додава сол, црн пипер и две изрендани јајца со кои се полнат палачинките.
Палачинки со шампињони
Фил: доматно пире, 200 г шампињони, магдонос, 150 г ситно сечена шунка и масло.
Во тестото за палачинки ставете малку мајчина душичка.
Кога ќе го направите, ставете една палачинка на тавче, и тоа на послаб оган. Додека се пече едната, на другата ставете доматно пире, тенко исечени шампињони и шунка на ленти. Внимателно свртете ја палачинката, а постапката повторете ја со останатите.
Пирошки од палачинки
За фил употребете пржено мелено месо, праз и црн пипер или јајца разматени со сирење, или нешто што вам ќе ви се допадне.
Постапката е крајно едноставна. Палачинките полнете ги со филот и за да бидат исти, исечете им ги нерамните краеви. Потоа натопете ги во разматени јајца, трошки од леб и сусам и пржете.
Неаполски палачинки
Потребно е: 1 јајце, 100 г брашно, 250 мл млеко, сол, масло за печење.
Фил: 100 грама паштета по избор, 2 свежи домата, 100 грама моцарела, сол, црн пипер, оригано и 100 г кисела павлака.
Жолчката и млекото добро се мешаат, се додаваат брашното и малку сол, и потоа се матат и се оставаат да отстојат 1 час. На тестото му се додава цврст снег од белки и се печат 8 палачинки. Моцарелата и доматите се сечат на тенки тркала. Секоја палачинка се мачка со паштета, се редат тркала домат и сирење, се става оригано и се виткаат на половина. Така се редат во премачкан огноотпорен сад и се печат на 200 степени. Пред крај се поливаат со павлака и се служат со зелена салата.
Пица палачинки
Фил: 300 г салама со маслинки, 300 г тврдо сирење, 300 г печурки, оригано и кечап.
Во смесата за палачинки не ставајте шеќер, туку сите наведени продукти и тоа изрендани. Готовите палачинки служете ги со кечап.
Солена торта
Смесата за палачинки се дели на три дела: во првата се става растопен путер (100 г), лажица вотка, павлака и малку кавијар. Во вториот дел ставете исечкани 2 варени јајца и малку мајонез, а во третата варен рендан морков и сечкана салама. Овие палачинки се редат една врз друга како купола, а помеѓу се мачка крем сирење. Се сечат како торта.
Палачинки со ледено парфе
Фил: 3 жолчки, половина литар шеќерен сируп, 300 г карамелизирани лешници, шлаг и течна чоколада.
Жолчката се мати на пареа, постепено се додава сирупот с` додека не се згусне. Смесата треба да се излади, а потоа ~ се додава шлаг и лешници. Парфето треба да отстои во фрижидер 24 часа, а потоа со него се полнат палачинки.
Палачинки со јаболка
Во стандардно тесто за палачинки ставете цимет и изрендани јаболка кои претходно сте ги исцедиле. Испржете ги двете страни и наросете ги со шеќер во прав.
Палачинки со банани
Фил: 4 банани, 4 лажици шеќер во прав, 3 лажици коњак или рум.
Во испечените палачинки завиткајте по половина банана исечена по должина, посипете со шеќер и прелите со загреан коњак или рум .
Американски палачинки
Потребно е: 3 јајца, 250 г брашно, 1,5 дл јогурт, 2 лажици шеќер, 1 лажиче сол, 2 лажички прашок за печиво и 4 лажици растопен путер.
Тестото се мати и се остава да отстои 10 минути. Палачинките се печат во помало тавче, да се со формат и се служат жешки премачкани со сируп, мед, џем или кој било друг фил.
Свечени палачинки
Потребно е: голема излупена круша, лажица шеќер, малку вода, 2 парчиња пилешки гради, 70 г мелено телешко, малку коњак, сол, 20 г путер и 1 лажица слатка павлака.
Приготвување: ставете ја крушата во зовриена вода, варете 6 минути, извадете ја и исечете ја на парчиња од кои се прави ладало. Истолчете го пилешкото, додадете го телешкото место зачинето со коњак, сол и павлака, завиткајте го ролатот во фолија и ставете го во ладна солена вода со дафинов лист, па варете 15 минути. Сварениот ролат оставете го да отстои во фрижидер, а потоа исечете го на тенки парчиња и послужете го на палачинки. Декорирајте со парчињата круша.
Палачинки со сладолед и вишни
Потребно е: (за 30 палачинки): 1 л млеко, 3 јајца, 1 лажица сол, 600 г брашно, кора од лимон, 1 ванилин шеќер, масло. За филот: 30 топки сладолед од ванила и прелив од вишни.
Приготвување: изматете го млекото, јајцата, солта и ванилата и со континуирано мешање додадете го брашното и изренданата кора од лимон. Откако убаво ќе измиксирате, оставете ја смесата да стои најмалку 10 минути. Испечените палачинки поклопете ги и филувајте по десетина минути. На секоја палачинка ставете топка сладолед, преклопете ја и прелијте со прелив од вишни.