Тања Турунџиева: Вистинска храна за психички замор и стрес
ПСИХИЧКИ ЗАМОР
Се јавува најчесто кај луѓето изложени на интензивни психички активности. Тие имаат поголема потреба за одредени хранливи состојки, па затоа се препорачуваат орашасти плодови.
За превентива и за лечење треба да се зголеми внесот на:
– БАДЕМИ, кои претставуваат одлична храна за мозокот, исто така многу добар сооднос на минерали кои обезбедуваат стабилно функционирање на нервниот систем-
– ОРЕВИ, го подобруваат менталниот ефект
– ХЕЉДА, ја подобрува концентрацијата и меморијата
И, за да се победи нервозата, секогаш треба да се консумира свежо овошје и зеленчук, многу течности и природно цедени сокови.
НЕРВОЗА
Таа настанува кога нервниот систем во непријатна ситуација реагира диспропорционално кон оноа што се смета дека е вообичаено (нормално) реагирање. Најчести предизвикувачи на нервозата се и неурамнотеженост на нервниот систем како што се лошите навики: пушење, алкохол и стимулативни пијалоци.
Со применување на некои здрави навики се помага при лекување, а истите се добри и како превентива при нервоза.
– Редовен појадок, со што се избегнува хипогликемијата (намалување на концентрацијата на шеќер во крвта), која може да предизвика нервоза и раздразливост
– Конзумирање на оброци во исто време, со што се избегнува ненадејно паѓање на нивото на шеќер во крвта
– Доволен сон и одмор
– Редовна физичка активност, при што се препорачува редовно вежбање или пешачење
Како превентива на нервозата и стресот се препорачува внес на:
– БЕЗГЛУТЕНСКИ ЖИТАРКИ, одличен извор на витаминот Б и магнезиум, чив недостаток создава нервна раздразливост
– СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД, тие содржат витамин Б1. Витаминот Б1 корисно дејствува на нервниот систем
– БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ, многу богати со витамин Б1
– ОРЕВИ, богати со есенцијални масни киселини (доминира омега-3), кој влијае на невроните, исто така многу содржи летицин, фосфор и витамини од групата Б
– АВОКАДО, содржи есенцијални масни киселини, фосфолипиди и витамнин Б6.
Секоја од овие состојки е ва важна за правилно функционирање на невроните.
– ЗЕЛЕНАТА САЛАТА, таа е многу благ седатив, содржи витамини од групата Б
– ИНДИСКИ ОРЕВИ, богати со магнезиум (чив недостаток предизвикува нервоза и раздразливост)
– ГРАШОК, кој е добар извор на витамини од групата Б, потребни заправилно функционирање на нервниот систем
– КАЈСИЈА, таа го балансира нервниот систем, бидејќи е богата со елементи во трагови или микроелементите
За спречување и лечење треба да се намали или елиминира внесот на:
– СТИМУЛАТИВНИ ПИЈАЛОЦИ, кофеинот може да предизвика нервна надразливост и да ја зголеми нервозата. Кофеинот само привремено ја ублажува нервната раздразливост, така што кофеинските зависници чувствуваат краткорајно олеснување, но нервозата се повторува и тоа со поголем интензитет.
– АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ, сите алкохолни пијалоци содржат етил-алкохол кој е токсичен за неуроните. Иако може накратко да ја ублажи нервозата, сепак неговото дејство е многу штетно
– РАФИНИРАН (БЕЛ) ШЕЌЕР, иако внесот на шеќерот дејствува смирувачки при нервози кои настануваат од недостаток на шеќер во крвта, а неговиот редовен внес преку слатки работи доведува до хиперактивности ја зголемува нервозата, како и кај децата така и кај возрасните.
Коментарите се затворени