Жените имаат правило секогаш да го импресионираат партнерот со својот изглед. Ова е уште едно женско правило на кое се повикуваат сите преставнички на понежниот пол, кои постојано се обидуваат да ја докажат надмоќта над машката популација. Точно е дека речиси најголемиот дел од жените му посветуваат особено внимание на изгледот, сакајќи да ја доведат до совршенство својата фигура, или да го средат и разубават своето лице.
Сакајќи да докажат дека можеби и претеруваат во сето тоа, светските научници дошле до заклучок дека жените во животот просечно губат околу три години на разубавување.
Од друга страна, мажите грешат доколку сметаат дека нивните поубави половини се подготвуваат само за нивните очи.
Едно истражување покажало дека жените се подготвуваат и поради конкуренцијата, за да истакнат дека се многу поатрактивни и поубави.
Постојат жени кои својот фокус на размислување го насочуваат кон човекот што го сакаат, па оттаму атрактивноста ја сметаат за илузорна и непотребна, бидејќи пленот е веќе во мрежата.
Но, кога партнерот ќе даде мала забелешка на опуштеноста на неговата дама, тогаш започнува војната на трошење многу пари на брендирана гардероба, долна облека, шминка и парфем.
Според испитувањата, жените во просек трошат околу 72 минути на подготвување, пред да излезат со партнерот.
Но, тука не е крајот на средувањето, бидејќи 40 минути се потребни, просечно на секоја жена да се подготви за на работа.
Образложението е сосема логично и добро познато. Никогаш не се знае кој може да ве сретне- девојката која ви е конкуренција или мажот од соништата.
Фото- Pexels
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени