На гастрономскиот натпреварот Albanian chefs and cooks association- Shum Albanija, во соседната Албанија, Давид Санџакоски го освои Гран прито, (готвеше риба и бифтек), со што Гастромак уште еднаш ја потврди својата супериорност надвор од границите. Всушност, членовите на оваа Асоцијација полека но сигурно стануваат амбасадори и промотери на добро зготвената и сервираната храна.
Сениорите се пласираа вака – Лирим Даути освои сребрен медал (во категорија риба), Валон Нухиу (за роловано пилешко) доби бронза а Иван Велков се закити со бронза (јагнешко).
Во категорија јуниори – Хабиб Зекири освои бронза во категорија пилешко, исто како и Изабела Спасовка (готвеше рамстек) и Душан Боболински ( правеше пилешко роловано).
Тимот – Давид Санџакоски, Иван Велков и Светлана Цеца Димовска се истакна во подготовка на риба, рамстек и мус со авокадо и чоколадо, и освоија сребро. Всушност, Гастромак и на овој натпревар ја испромовира својата сплотеност и уиграна тимска работа.
Коментарите се затворени