САМОГЛАСКИ
А – Ако името почнува на буквата А, тоа кажува дека овие луѓе се оригинални, независни, сериозни и во некои работи- совршени. Можат да бидат независни, но исто така и тврдоглави, активни, љубопитни, со авантуристички дух, изразени амбиции и отвореност. Секогаш се модерни, креативни и оригинални.
Е – Оваа буква на почетокот на името укажува на нежно здравје, покажува емотивна состојба, ведрина. Доминантната боја е бела. Донесува вибрација на отвореност, енергичност, импулсивност. Поседува доза на нетрпение, нервоза, темпераментност, и секогаш е во потрага по возбуда. Оваа буква носи и лоши навики, затоа бидете внимателни.
И – Буквата упатува на ведрина, сјај, иднина, уметност, но и напнатост, несигурност, нервоза. Бојата на И е црвена. Носи вибрации на страст, емотивност, немир, изразена сочувствителност. Буквата И носи променливо расположение, но и чести патувања.
О – Значи ум, емотивност, изразена е желбата за заминување, упатува на совесност, забрана. Ако вашето име започнува на О, вие сакате да дарувате, да правите добри дела, да им помагате на другите, традиционални сте, но честопати и тврдоглави и незадоволни. О е знак на голема мудрост ама и на финансиски проблеми.
У – Донесува музика, учење, култура, пеење, но и бавност, загуба. Бојата на У е зелена. У има вибрации на безгрижност, радост, лелеавост. Нагласена е интуитивност и срамежливост, понекогаш нерешителност, но и себичност и традиционалност. Оваа буква носи загуби, па потребно е екстра внимание во ризични ситуации. Внимателно со манипултори. (продолжува)
Фото-Pexels
Коментарите се затворени