Секој што троши шест часа дневно пред телевизор ризикува да почине пет години порано, од оние што на активен начин го трошат своето слободно време, тврдат австралиските истражувачи.
Премногу гледање телевизија е опасно, исто како и пушењето и прекумерната телесна тежина, а „сеприсутното седечко однесување“ треба да се гледа како здравствен проблем- е заклучок од студијата на експертите од Универзитетот во Квинсленд, Австралија. Тие тврдат дека секој час гледање телевизија може да го скрати животот за 22 минути.
Експертите нагласуваат дека и возрасните треба да го намалат времето поминато пред малите екрани.
Foto- Pexels
Коментарите се затворени