Тајните на убавите жени- Ирена Спировска
Иако годините не значат ништо друго освен бројки и спомени, кај Ирена Спировска денес и пред 15-тина години – нема видлива промена.
Не само што е убава надворешно, вита, со манекенска става, таа е кротка по табиет, вистински астролошки „рак“ кој својата емотивност ја гради во релациите со луѓето. Можеби затоа и покрај атрактивноста, нејзините најверни обожаватели секогаш биле жените.
Еве како нашата најубава водителка го демистифицира својот изглед и убавината.
– Пред се би рекла дека за убавиот изглед и должам на добрата семејна генетика, а дури потоа на начинот на живот и дисциплината. И по татко и по мајка имам наследено добро гени, бидејќи и во двете семејства сите се витки и убави. Физички, сите велат дека многу личам на мајка ми а карактерната цврстина ми е на татко ми.
За жал, мојата мајка рано почина од рак на дојка во своите најубави години(35), но засекогаш ќе се сеќавам на неа како на вистинска убавица. Многу пати луѓето кои ја познавале ми рекле: И ти си убава, ама мајка ти беше поубава дури и од тебе!
Убавината која ја наследуваме е основата, но негата, животниот стил, здравата исхрана, спортот и рекреацијата се одлучувачки фактори за тоа колку долго ќе ја имаме таа убавина и во каква форма.
Ова се некои мои ритуали- денот ми почнува со смуди, првото кафе го пијам дури околу 11ч. За ручек најчесто јадам голема порција салата, а најмалку два пати неделно на моето мени се наоѓа риба.
Слабост ми се црните чоколади без кои не можам да си го замислам денот. Некогаш наутро, некогаш во текот на работниот ден, а некогаш навечер, во комбинација со чаша црвено вино, чоколадите се едноставно неизоставен дел од моето секојдневие. За среќа, активниот начин на животот ми помага да ги потрошам калориите и тоа да не влијае на мојата линија. Немам ригорозни правила околу вечерата, ако почувствувам потреба за храна, без никаква грижа на совест знам да вечерам, дури и на полноќ, пред да си легнам. Секако ова не го практикувам премногу често, а и кога ќе си дозволам такво нешто, настојувам следниот ден да јадам помалку од вообичаеното.
Она што го практикувам со години наназад е вегетаријански начин на исхрана, планинарење и органска козметика Логона за нега на кожата.
Потоа, пијам многу течности, настојувам да бидам умерена во исхраната, да имам квалитетен сон и секој слободен момент да го поминам некаде на планина, далеку од градската врева и загадениот воздух.
Коментарите се затворени