Нека пукнат душманите: Идеалната жена е со конфекциски број 42!
За инает на слабичките, експертите од Институтот за превентивна медицина во Копенхаген заклучија дека „женското совршенство“ значи изразени колкови и гради, со мускули, масни наслаги и дефинирана половина
Идеалната жена е помеѓу конфекциските броеви 40- 42 и има изразени колкови, тврди групата на данските истражувачи.
Дали е ова збогување со диети и останати исцрпувачки методи на слабеење? Експертите од Институтот за превентивна медицина во Копенхаген заклучија дека идеални пропорции имаат жените што носат конфекциски број 42, односно дека токму тие имаат идеално тело за здрав кардиоваскуларен систем.
Според ова истражување, идеалната жена што ќе дочека длабока старост со здраво срце носи величина 40-42, има изразени колкови и гради, со мускули и масни наслаги на тие места, додека половината е дефинирана и на неа има минимални масни наслаги.
Но, внимателно, не се опуштајте премногу! Жените што имаат градба како јаболко, односно повеќе масни наслаги насобрани околу половината, имаат многу поголем ризик од срцевите болести, дијабетес и висок притисок.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени