Со опавче сте и девојче и заводничка
Следбениците на модата, но и оние кои не се во тренд со модните случувања, сигурно забележале дека опавче е повторно ин. Без оглед на тоа дали е обликувано во стилот на Брижит Бардо или личи на кок на Одри Хепберн, тоа никогаш не излегло од мода. Сите жени знаат дека оваа фризура е спас, во ситуација кога косата не е беспрекорно чиста и „послушна“ или кога немаат доволно време за да се средат. Покрај тоа, оваа фризура го одржува вашето расположение и стил. Токму поради тоа, опавчето е идеално за топлите летни денови, особено ако летувате на море. Секој фризер ќе ви каже дека опавчето, „говори“, милион различни јазици. Ниско врзано изгледа сериозно и префинето, додека високо поставеното значи сексапилност и разиграност.
Фото- Pixabay
Коментарите се затворени