Интересна вечер не очекува утре (3 јули), во винскиот бар и ресторан „Форца“- од 20ч. до 1 часот по полноќ, по трет пат ќе се случува „Вино на штикли“, спектакл што го раздвижува Скопје.
Винско-музичко-моден настан на кој освен дегустацијата на различни врсти на вина од македонски и странски винарии по супермаркетска цена на чинење, гостите ќе проследат и неколку различни забавни перформанси.
Македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд ќе ги забавува посетителите а пред и потоа, присутните ќе се журкаат со ДЈ Бранчез и неговиот специјално подготвен ДЈ сет за оваа прилика.
Покрај музичкиот дел за кој се подготвува специјална сцена со соодветно озвучување и специјално подготвено „ројал блу“ осветлување, во „Форца“ ќе се случува и моден перформанс.
Звучи едноставно- сите патишта водат во „Форца“!
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени