Драган Јованов: Македонска фитомедицина во борба против канцер
Сеопфатната програма за лекување на ракот го комбинира лекувањето и давањето подршка и сите видови помош на заболените. Лекувањето е насочено кон одстранување или забавување на текот на болеста, во комбинација на хирургија, зрачење, хемотерапија и можеби хормонско лекување или имунотерапија.
Кога ракот веќе не може да се открие, се вели дека пациентот е во ремисија или дека болеста мирува. Општо кажано, пациентите кај кои ракот нема да се појави повторно пет или повеќе години, се сметаат за – излекувани. Некои облици на рак не можат да се излекуваат, но сите можат да се лекуваат и во повеќето случаи состојбата на пациентот да се подобри. Најдобрите дополнителни начини на лекување на ракот што обично се нудат надвор од болниците исто така даваат извонредна супортивна нега.
Акупунктура
Со акупунктурата се намалуваат болките поврзани со многу сериозни болести. Иако со научни испитувања уште не е докажано нејзиното делување на болките предизвикани од рак и придружните појави, како што е мачнината и повраќањето, се работи за безопасен метод на лекување што многумина го сметаат за благотворен.
Работа на телото
Со потикнување на олабавувањето, начините на лекување, како што е масажата и рефлексологијата, се намалува напнатоста на мускулите а можат да се намалат многу други симптоми, како што е мачнината и хроничните болки. Бидејќи многу облици на лекување со работата на телото овозможуваат смирувачки и пријатен физички допир, со нив може да се намали стравот, потиснатоста и осаменоста кои заболените од канцерогени заболувања честопати ги чувствуваат.
Кинески лековити билки
Некои заболени од рак тврдат дека ги ублажиле болките, мачнината и повраќањето со помош на кинеската традиционална медицина. Повеќето стручњаци за алтернативна медицина препорачуваат билни препарати, кои се некогаш за лекување, некогаш за ублажување на придружните појави на конвенционалното лекување, во зависност д тоа, во кој стадиум на заболеност се наоѓа пациентот. Истражувачите ги проучуваат билките кои се користат во кинеската традиционална медицина за да ги откријат состојките што можеби, директно ги одбиваат клетките на ракот или го потикнуваат имунолошкиот систем да го стори тоа. Такви билки се Козинец (Astralagus membranaceus), Кинеска ангелика (Angelica sinensis), Азиски женшен (Panaks ginseng).
Физички вежби
Со физички вежби може да се намалат заморот, напрегнатоста на мускулите и стравот. Обично пациентите подобро се чувствуваат со пешачење или пливање, кои истовремено го смируваат духот и го јакнат телото.
Македонска современа фитомедицина
Стручните лица најчесто користат многу лековити растенија во борбата со ракот. Тоа се здравец робертаниум, росопасот, руса трева, брусница, горчлив бадем кои содржи и витамин Б 17, кој досега се покажал успешен при борбата со ракот, семе од коприва, имелата, алое верата исто така добра при лекување и борбата на ракот и некои печурки кои се употребуваат во борбата со ракот.
Исхрана
Витамините. минералите и другите хранливи материи може да го зауздаат ракот, неутрализирајќи ги канцерогените материи, обезбедувајки правилно функционирање на имунолошкиот систем и спречувајќи оштетувања на клетките и ткивата. Истражувачите посебно ги интересираат антиоксидансите, витамин А (особено бета каротинот) витамин Ц, витамин Е како и селен, но исто така ги проучуваат и фолната киселина, витаминот Б6, магнезиумот, цинкот и конезим КУ 10. Бидејќи преголеми количества на некој витамини можат да бидат штетни, многу експерти се внимателни во погледот на додатоците во исхраната. Наместо тоа, тие советуваат разновидна исхрана. Многу диети во врска со случајот на рак пропагираат вегетаријанството и пациентите кои се придржуваат кон таквата исхрана, здрава во смисла на хранливите материи, обично се чувствуваат подобро. За жал, многу диети насочени кон одстранувањето на ракот исто така пропагираат гладување, чистење и внесување дополнителни количевства на витамини, минерали и други смеси, кои го јакнат имунитетот, но не го лекуваат ракот, а можат да бидат штетни и скапи. Пациентите, по правило, треба да избегнуваат секаков вид на храна за која се тврди дека го лекува ракот, диета што го препорачува напуштањето на вообичаениот начин на лекување, доведува до слабост или големо губење на тежината, бара значително ограничување на јадењето и е многу скапа.
Коментарите се затворени