Колач со вишни
Состојки: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 0,5 л вода, 2 кесички пудинг по желба, 0,5 кг вишни, 200 г шеќер, 200 г шлаг-крем.
Со миксер се матат јајцата со 5 лажици шеќер, па се додаваат 5 лажици брашно и прашок за печиво. Кората се пече и се остава да се излади. За филот се става 0,5 л вода со 200 г шеќер за да проврие, па потоа се додаваат вишните и се вари уште 5 минути. Во садот се разматуваат два пудинга со малку вода и се варат со вишните кои вријат. Врз кората се става врелиот фил и се остава да се излади. Одозгора се премачкува со изматен шлаг и се сече на коцки.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени