Вчера вечер во хотелот Отрант во Улцињ, Црна Гора, 47- ма година по ред, се одржа финалето на изборот за Мис ГЛОУБ (Miss GLOBE) 2019.
Нашата држава ја претставуваше 23- годишната Кристина Димитријевска од Тетово, која ја освои титулата Мис фотогеничност (Miss PHOTOGENIC). Победничка, Мис ГЛОУБ (Miss GLOBE) 2019 е Алејанда Диаз Де Леон Солер од Мексико, титулата Прва придружничка ја освои Карла Џин Ларес од Тринидад и Тобаго, а втора придружничка е Лерен Баутиста од Филипини.
Нашата Кристина е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој голем интернационален избор за убавина. Таа 3 недели претстојуваше во Црна Гора, каде заедно со уште 50 девојки од исто толку држави од целиот свет се подготвуваше за синоќешното финале. Нашата држава имаше уште еден претставник на финалното шоу, пејачот Даниел Дан, кој имаше забележлив настап во уметничката програма.
Кристина на изборот се претстави во креации на дизајнерката Љумние Љоки , која ги изработи специјално за овој настан.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени