Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“: Модна вечер на млади таленти
Што може да е поинспиративно за млади модни ентузијасти од директен допир со колевката на модата Париз ?
Со таква мотивирачка цел Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во рамките на своите студии секоја година ги наградува своите најдобри студенти со посета на градот Париз,преку „Саемот за мода“ , музеи и други институции. Како плод на постојаната успешна соработка, како и секоја година, престојот на овогодинешните наградени студенти : Мусли Каралити, Меланија Николоска, и Марина Карчевска е подржан од „Францускиот иститут “во Скопје.
На 19-ти ноември токму излогот на институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти ќе ги изложат наградените дизајни, а просторот домаќин каде тие пред присутните ќе ги споделат своите впечатоци , инпресии и инспирации.
Коментарите се затворени