Неговото величенство, јапонско јаболко
Плодот на јапонското јаболко навистина е прекрасен, од нежно портокалова со тек на време бојата му е се поинтензивна, исто како и вкусот. Најдобро е да ги одбирате оние што се меки а ако се одлучите за тврд плод, па дури потоа консумирајте го. Експресно зрее во друштво на јаболките.
Јапонско јаболко содржи многу селен, витамин Ц и витамин Б2, помага во намалување на холестерол и го регулира варењето. Се користи како природен лаксатив, а се препорачува и во исхраната на луѓето кои имаат зголемено ниво на шеќер во крвта.
Влијае и врз очите- поради витаминот А и бета каротенот, важни за зачувување на видот. Се користи во превенција за катаракта.
Освен што е одличен диуретик, го чисти организмот од токсини и зголемува излачување на урина.
Јапонското јаболко го засилува имунитетот, благодарение на високото ниво на витаминот Ц, антиоксиданси и минареали и е идеално за состојбите на намален имунитет- кај настинка, вирус и респираторни инфекции.
Превенира стареење и создавање брчки- богатство на антиоксиданси, материи што ги уништуваат слободните радикали и затоа јапонското јаболко е анти- ејџ природен третман против стареење. Кога подготвувате маска за лице со жолчка и сок од лимон додадете исписирано јапонско јаболко, и веднаш ќе ја почувствувате кожата затегната.
Јапонското јаболко е едно од најчистите овошја во чие одгледување воопшто не се употребуваат пестициди за заштита на насадите од проста причина што нема природни непријатели.
Коментарите се затворени