Растенија – чистачи на воздухот : Со фикус полесно се дише
1. ФИКУС
Најраспространето растение што го имаме дома е фикусот. Добра вест е што тој е особено добар за отстранување на формалдехид од воздухот, и е на самиот врв на листата на чистачите на просториите.
Фикус сака светлост и умерено полевање.
2. ПАЛМА ОД БАМБУС
Ова растение има егзотичен изглед што го оплеменува просторот, но бамбусова палма е и многу корисна. Од воздухот го отстранува бензенот, формалдехидот, хлороформот, јаглерод моноксидот и ксиленот.
3. БРШЛЕН
Велат, кај и да го фрлиш, ќе никне. Овој ползавец лесно се одгледува и не му треба многу светлина. Освен за прочистување на воздухот добар е и за отстранување алергени. Од воздухот го елиминира бензенот, јаглерод моноксидот, формалдехидот и трихлоретиленот.
4.ГЕРБЕР
Герберот е најкорисното цвеќе што го има во портокалова, црвена, розе, бела и жолта боја. Па дури и кога не е во саксија, туку го чувате во вазна, чисти од штетни материи во воздухот, а ги апсорбира и штетните состојки кои се наоѓаат во чадот од цигарите.
5. АЛОЕ ВЕРА
Алое вера е совршено растение за отстранување разни штетни материи од воздухот, вклучувајќи го и зрачењето на ТВ-екраните и компјутерските монитори.
Коментарите се затворени