Кажете му „збогум“ на стомакот- без диета
Тенок струк и стегнат стомак – можете да имате на било која возраст. Ако мислите дека тоа треба да се случи само со строга диета и сурови вежби на фитнес, имаме добра вест за вас: има 5 едноставни правила со кои ќе ги снема стомачето и наслагите околу половината. Не верувате? Наскоро ќе се уверите сами.
Прошетка пред појадокот
Дури и не е потребно да трчате – само прошетка со брзо одење. Добриот резултат се должи на доволно количество сончева светлина што го добиваме меѓу 8 часот и ручек, значително го намалува трупањето на прекумерна тежина. Како што се потврдува со резултатите од една неодамнешна студија, утринската светлина има позитивен ефект врз брзината на метаболизмот и активно помага во согорување на мастите. Таквите прошетки значително го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од срцев удар.
Јадете храна со диетални влакна
Идеална опција е овесна каша со свежо овошје. Што е толку магично во оваа комбинација? Сите производи содржат влакна кои можат да помогнат во намалување на холестеролот во крвта. Канадска студија покажа дека луѓето кои држат диети со јадење продукти кои содржат влакна, имаат повисоки нивоа на грелин – хормон кој го контролира гладот.
Јадете црвено овошје
Хранливите материи наречени флавоноиди, особено антоцианини, се соединенија кои даваат црвена боја на плодот. Тие влијаат врз активноста на гените одговорни за натрупувањето на масти. Колку повеќе јадеме црвено овошје, толку побрзо нашето тело ги гори маснотиите.
Јадете авокадо
Вие само треба да го вклучите авокадото во вашата секојдневна исхрана, може да ви помогне да изгубите околу 3 килограми неделно! Авокадото е магичен плод. Ги спречува кардиоваскуларните заболувања, па дури и некои видови на рак. Го намалуваат и чувството на глад.
Јадете јајца
Јајцата се еден од најдобрите производи за слабеење и се неопходни за оние кои се одлучиле конечно да кажат збогум на “воздушното перниче” околу стомакот.
Коментарите се затворени