На 14-ти март во Скопје, традиционално, по 21-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал, под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.
И годинава Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент на Хотелот Александар Палас. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.
Кој не умее да игра валцер, има шанса да заигра на звуците на светски евергрини и македонски хит рефрени.
Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија. Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот, а собраните сретства се наменети за SOS детското село.
Водител на Балот е шармантната Вера Мештеровиќ а во уметничката програма ќе настапат врвни уметници:
– оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска
– ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија)
– танчери на Танцовиот клуб Прима Данца
– Тумбао Салса Бенд
– Арт Бенд
– и вокалните солисти:
– Драган Бобиќ – Дексо,
– Калина Велковска и Паула Ц. (САД)
Коментарите се затворени