Според добра стара пракса во текот на годината низ целиот свет се одржуваа многу Интернационални избори за Мисс. Корона и тоа го згасна, но постои еден настан кој се одржува во моментов: MISS QUARANTINE OF THE WORLD – Мис Карантин на светот.
Имено, GECJAN FASHION GROUP од Приштина и нивниот директор Илир Гечи се решија да организираат еден ваков избор, но не класичен, туку онлине, како што единствено и е можно кога речиси целиот свет е во карантин.
Коорганизатори се нашето Модно Студио Црнокрак и Tugce Sarykaya Dagistan од Турција.
Право на учество имаа сите убави девојки од планетата, на возраст помеѓу 16 и 26 години, со тоа што за учество требаа да испратат само две видеа, на едното како се претставуваат, а на другото како се движат, нормално во домашни, карантински услови и да испратат уште 10 слики – 5 обични слефи и 5 професионални.
Се пријавија дури 210 девојки од околу 50 држави.
Првин беа избрани 70 полуфиналистки, а потоа 15 финалистки кои ќе уќествуваат на големото финале во недела, 17-ти мај во 21ч, онлине секако, на ФБ и на ТВ 21 која се гледа и во Македонија.
Во жирито ќе биде и Мики Црнокрак, сопственикот на Модното Студио Црнокрак.
Од Македонија две девојки успеаја да влезат во 15-те финалистки. Тоа се 24-годишната Кристина Димитријевска од Тетово и 16-годишната Бисера Цуцулова од Скопје, двете членки на Модното Студио Црнокрак.
Уживајте во настанот!
Коментарите се затворени