Chef Зоран Јовановски: На Accademia Pizzaioli Macedonia се прават најдобрите пици
Твојата Академија за пица- Accademia Pizzaioli Macedonia во Македонска Каменица, предизвика голем интерес не само кај македонците, туку и кај сите други што ја обожаваат италијанската кујна. Каков е одзивот, дали повеќе се пријавуваат мажите или жените и, колку си задоволен од овој проект?
– Пица Академијата работи една година и не само што предизвика голем интерес кај нашите луѓе, туку доаѓаат и од други земји, заинтересирани да го изучат овој профитабилен занает. Воедно нашата Академија во Македонија полека но сигурно станува една од водечките, во светот, по бројот на завршени студенти. Возраста на тие што го завршија курсот е од 14 до 55 години. Интересно е што не посетуваат млади брачни парови, татко и син, мајка и ќерка и, се повеќе девојки и жени се интересираат за курсот.
Како започна се, колку години си во гастрономијата и откога ти си навлечен на пица?
-Во гастрономијата сум 30- тина год и моја специјалност се пиците. Работејки насекаде низ Европа стекнував големо искуство и многу мои колеги го учеа занаетот од мене. На еден пица наторевар сватив дека моето познавање за пица е многу поголемо од знаењето на судиите кои ме оценуваа. Тогаш решив дека треба посериозно да си ја сватам професијата и од 2015 година сум пица- инструктор на Италијанската пица академија и веќе следната година сум поканет да бидам судија на Шведскиот пица- шампионат. Се надевам дека многу наскоро ќе бидам поканет и за судење на светски шампионат.
Што се може да се научи на Академијата и дали луѓето потоа се осмелуваат на поголеми професионални чекори?
– Во Академијата кандидатите учат се што е потребно да се биде пица- мајстор, од подготовка на тесто, негово развлекување, состојки, печење итн. Воедно ги охрабруваме да започнат свој бизнис и им помагаме во тоа со консултации, избор на опрема, идеи за мени… Некои од нив веќе заминаа на работа во странство.
Пандемијата на сите ни ги смени плановите- што сепак ќе ти се оствари годинава?
– Да, пандемијата го закочи почетокот на работата на мојата втора Академијата за пица, која ќе биде во Стокхолм, Шведска, но затоа пак се зголеми интересот тука во Македонија. Запознав многу нови луѓе кои се воодушевени од нашата професионалност, начинот на работа и се среќни дека за многу кратко време изучуваат занает кој им ги отвора вратите на светот. Нема ништо поубаво кога на кандидатите ќе им дадеме знаење и ги полниме со самодоверба.
За крај, која е твоја омилена пица?
– Омилени пици ми се вегетаријански и веган, неверојатно е колку можат да бидат вкусни кога ќе се искомбинираат како што треба…
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени