Browsing Category
Мода
Анастасија Богдановска во епицентарот на светската мода
Анастасија Богдановска пасионирано е посветена на својата разоткриена страст, па со многу упорност, посветеност и професионалност го достигна првиот ред и статусот на единствен акредитиран моден новинар од Македонија на светските модни недели, за што тврди дека е долг, макотрпен, понекогаш и депримирачки процес особено за фриленсер поткрепен единствено на сопствените сили, интелектуални и материјални. Па сепак привилегијата, задоволството и непосредните впечатоци се исклучително вредни за целиот вложен напор, искуството и…
Bonatti во Македонија: Најпосле, совршени костими за капење!
Српскиот бренд Bonatti ја лансираше својата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 во продавниците низ Македонија. Летната колекција доаѓа во бои и форми кои ќе бидат апсолутен тренд оваа сезона, и за жените и за мажите, и што е најважно, изборот е прилагоден и за најпребирливите. Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златни детали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации. „Bonatti во Македонија на своите купувачи им…
Костими за капење: Висок долен дел за широка половина
Костими за капење се предизвик и проблем кај жените. Зошто? Едноставно, кога ќе се соочите со минимум материјал, речиси „крпче“, ретко која жена може да се пофали дека и стои совршено. Ви нудиме неколку совети како да ја приспособите вашата фигура и да изберете костими што ќе ги истакнат вашите облини, но и ќе ги прикријат вашите недостатоци. Девојките со големи гради треба да набават костими со цврсти градници, со вметнато жица во конструкцијата и со прерамки. За тие кои сакаат да ја скријат широката половина им…
Со опавче сте и девојче и заводничка
Следбениците на модата, но и оние кои не се во тренд со модните случувања, сигурно забележале дека опавче е повторно ин. Без оглед на тоа дали е обликувано во стилот на Брижит Бардо или личи на кок на Одри Хепберн, тоа никогаш не излегло од мода. Сите жени знаат дека оваа фризура е спас, во ситуација кога косата не е беспрекорно чиста и „послушна“ или кога немаат доволно време за да се средат. Покрај тоа, оваа фризура го одржува вашето расположение и стил. Токму поради тоа, опавчето е идеално за топлите летни денови, особено…
Атеље Алекстра: Со „ДИВА“, убави и заводливи и на плажа
Како и секое лето, Атеље Алекстра, предвесник на модните трендови и стилови кај нас, има нова колекција и сега ви ја претставуваме ,,ДИВА“, со која сигурно ќе бидете забележани. Станува збор за модни додатоци- шапки, папучи, наметки, ташни и секако- накит. Во оваа колекција се застапени морските елементи -природни школки, бисери со седеф, тродимензионални цветови, рустични и детали со тантела, циркони, кристали... Наметка во бела боја за софистицираност и грациозност, со ѓердан од полускапоцени камења со сребрен алпака…
Најлесен начин да ставите вештачки трепки
1. Свиткајте ги природните трепки со виткач за трепки а ако сакате лентата која ги држи трепките да е неприметна, тогаш на очниот капак до линијата на природните трепки, нанесете ајлајнер. Препорака: пред да ги аплицирате вештачките трепки, пожелно е да нанесете еден слој на маскара. 2. Погрижете се ширината на трепките да се совпаѓа со ширината на вашето око. Доколку има потреба, со ножички скратете ги од страните. 3. Со помош на стапче или чепкалка, нанесете од лепилото по работ на лентата која ја држи трепката (ставете…
Лоренс Оер блесна во Кан, во креацијата на Лидија Георгиева
Бившата амбасадорка на Франција, Лоренс Оер, за црвениот килим на Канскиот фестивал носеше креација од нашата Лидија Георгиева. Всушност, автентичниот, фустан со име и презиме е дел од ревијата која се случи во ноември, со која нашата модна дизајнерка прослави 20 години од брендот LG . - Минатата година Лоренс дојде специјално за прославата и се врати во Париз со фустанот, вели Лидија. - Дизајнот има комплицирана конструкција на која работев доста време, размислував и се навраќав, оставав време, формата да ме води низ…
Празнични Велигденски декорации
Велигденските празнични асоцијации се врзуваат за јајца, зајачиња, будење на пролетта, лалиња во најразлични бои... Овој празник го собира семејството и пријателите, кои во домот треба да внесат добро расположение и радост, а кога домот е така декориран, се внесува посебна симболика. Порцелански, пластични или стаклени јајца се задолжителен дел од украсувањето, а нив можете да ги закачите на некое вештачко дрво или, пак, да ги декорирате на трпезариската маса на која ќе го сервирате празничното јадење. Вештачките…
Тајните на убавите жени – Маја Глигоровска
Маја Глигоровска е бивша манекенка, иако и сега знае да прошета по модната писта и - предизвика воздишки. Велат, таа е најубавата најставничка во „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, иако по професија е магистер по Односи со јавност. Маја нема ниту грам сало, но има прекрасна коса и тен, и вели, ништо не е случајно. Зад таа нејзина „скоцканост“ стои упорност, грижа и челична волја. „Јас сум од оние кои не се потковани само теоретски, туку го живеат животот со сите правила за здравјето и убавината, и ги спроведуваат во пракса.…
Петар Костовски, државен првак во пинг- понг стана манакен
Петар Костовски, најуспешниот државен првак во пинг понг, неодамна стана дел од модната агенција Models IN. Одличен удар! Инаку, Петар е предаден на спортот уште од детството - првиот медал го освојува на 8 години, а ги има ловориките и во државното првенство за сениори, како најмлад во историјата на Македонскиот пинг-понг. - Заради добрата форма и кондиција како и сите врвни спортисти, Петар многу вложува во себе преку напорни тренинзи и припреми. Би било супер моделите да бидат посветени и истрајни како Петар, вели модниот…