Browsing Category
Мода
Никој не е совршен. Одберете облека со која ќе ги сокриете маните
Веднаш на почеткот, каков тип на тело имате? 1. Јаболко – горниот дел е голем, градите се поголеми од колковите. Ако имате ваков тип на тело, веројатно ќе сакате да ги нагласите тенките нозе и задникот, со што би го одвлекло вниманието од половината и рамењата. Свртете го вниманието на градите и вратот така што ќе облечете полуотворена - деколтирана облека кај вратот. 2. Рамно/правоаголно тело , половината е приближно иста со колковите и повеќе е како цилиндар. Ако имате ваков тип на телото, можете да ја „стегнете“…
Завршница на Моден Викенд Скопје: Фузија на традиција и футуризам
Заврши тридневната прослава на модата, дизајнот и визуелната уметност, што во рамки на програмата на деветнаесетото издание на Моден Викенд Скопје се одвиваше во зградата на Европскиот унивезитет. Ниту последниот ден не помина без изненадувања за домашните и странските посетители на настанот. Први во ревискиот дел се претставија студентите од ТМФ. Во соработка со текстилниот кластер и под менторство на професорката Лидија Георгиева, тие работеа на проект РЕЦИКЛИРАЊЕ кој се занимава со проблематиката на сочувување на…
Втор ден на Моден Викенд Скопје: Три иновативни приказни и ревиски омаж за жената
Вториот програмски ден на деветнаесеттото издание на Моден Викенд Скопје започна со обединет настап на три млади дизајнерки, чијшто заеднички именител е иновативноста. И секоја од нив раскажа посебна модна приказна на пистата. Прва го скрши мразот Евгенија Зафировска со колекцијата „RELATION BETWEEN WHAT WE SEE AND WHAT WE KNOW...“, инспирирана од инсталационата уметност, а со акцент на одржливоста, занаетчиството и естетиката. Идејата на перспективната македонска дизајнерка со словенечка адреса е да ги интегрира…
Обединета Европа на 19. Моден Викенд- Скопје
„Шоурум“ со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со изложба на наградувана платформа за концептуален дизајн, како и ревиски претставувања на колекциите од млади и етаблирани имиња во земјата и регионот, сочинуваат само дел од богатата програма што посетителите на најголемиот моден настан во метрополата ќе ја проследат од 29 до 31 март во зградата на Европски универзитет (ЕУРМ). Со свеченото отварање на шоурумот „United Fashion SEE“ во 18 часот, овој петок (29.03) и…
Oбединети дизајнери од Европа на 19 -тиот Моден викенд во Скопје
Во рамки на богатата програма што ќе се одржи од 29 до 31 март, во поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“, дваесет и деветте интернационални учесници на шоурумот премиерно ќе ги изложат новите колекции за есен-зима 2019/2020, пред домашната и странската публика. Освен од земјата домаќин, посетителите на најголемиот моден настан во метрополата, последните три дена од месец март ќе имаат единствена прилика, одблиску да се запознаат со работата на гостите од Белгија, Германија, Португалија, Франција, Романија, Латвија,…
Јована Нешова: Едиторијал во кинескиот Вог, а сега освојување на азискиот пазар
Нашата Јована Нешова, еден од најуспешните интернационални модели е на чекор од новата сезона и ги прави последните подготовки пред Кина и Сингапур. Имено, во нејзиното богато и големо портфолио како последни и најуспешни проекти ги вбројува едиторијалот на кинескиот Vogue со наслов „The Shape Shift“, како и едно од заштитните лица во кампањата за брендот FINELYCUP, работена минатиот септември но е за целата 2019 година. Низ годините Нешова само го потврди својот статус на една од најбараните македонски интернационални…
Леди Гага – елеганција во движење
Леди Гага, кој би кажал, се одлучи за елеганција, без изненадувања. Црн, раскошен фустан укомбиниран со ракавици е дело на модната куќа Александар Мекквин а накитот е на Тифани. Собрана пунџичка и мејк- ап во склад со аутфитот, допринесоа да се најде во списокот на 10-те најдобро облечени жени на Оскар. Фото-dnevnik.hr
Џенифер Лопез облечена во Том Форд
На 91. доделување на оскарите, Џенифер Лопез доби аплаузи и комплименти од модните критичари, за фустанот во кој блесна на сцената. Запетлана до грло, припиена скоро залепена на телото, оваа креација на Том Форд ја истакна совршената фигура на латино убавицата. Бидејќи фустанот беше раскошен, стилистите се одлучија косата и шминката да биде елегантна и едноставна. Целиот впечаток- совршен. Фото-dnevnik.hr
R.I.P. Карл Лагерфелд : Дебелите жени се за пред телевизор
Карл Лагерфелд (1933-2019) прославениот германски моден дизајнер, креативниот директор на „Шанел“, човек стил, уметник, фотограф и „чудак“, освен по феноменални креации ќе се памети и по интригантни изјави, особено поврзани со женските облини. „Жените со поголема тежина немаат што да бараат на модните писти. Имате добри дебели жени, кои со кеса чипс седат пред телевизорот и зборуваат дека слабите манекенки се грозни“, е изјавата на Лагерфелд на дебатата поврзана со анорексија на топ- моделите. „Темата е апсурдна. Во центарот…
„Бафта“- Кејт Мидлтон како принцеза Дијана
Филмските награди „Бафта“ во лондонската Кралската опера во Ковент Гарден, во своето тринаесетто случување го собраа актерскиот крем. На црвениот тепих суверено поминуваа актерките кои одбраа фустани со едноставна линија и исти такви бои а ова се дами кои добија најмногу комплименти. Најисчекуваната личност секако беше Кејт Мидлтон, која едноставно фасцинираше со својот фустан. Никогаш претходно не сме ја виделе војвотката во бело, особено не на официјално случување, а ова дефинитивно беше празник за очи. Асиметричен фустан…