Browsing Category
Здрави значи убави
За стрес, анксиозност и несоница: Техника на дишење 4-7-8
Техниката на дишење 4-7-8, особено актуелна периодов е одлична за смирување на мислите и стресот. Ја препорачува докторот Ендру Вале од холистичкиот центар во Аризона, кој вели дека со нејзината редовна примена можете да заспиете за една минута: се насочувате на дишењето а не на проблемите, полека се опуштате и имате многу кислород. Постапки 1. Врвот на јазикот треба да е вендаш зад горните заби, се додека траат вежбите. 2.Почнувате со затварање на устата, вдишувајќи низ нос, додека броите до четири. 3. Потоа седум секунди…
Која храна има најмногу Омега 3
1. Ленено семе (мелено) Вистински херои меѓу здравата исхрана се семките од лен кои содржат десетици хранливи состојки. Изобилуваат со омега 3 и омега 6 масни киселини, витамини Б-1, Б-2 и Ц, железо и цинк. 2. Риби: скуша, туна, лосос, сардини. 3. Ореви 4. Маслиново масло 5. Мешунки 6. Коренести зеленчуци
Знаци дека имате недостиг од Омега 3
Дали јадете храна богата со омега-3 масни киселини? И, дали страдате од недостаток на омега-3? Еве неколку знаци дека можеби ќе треба да го зголемите внесувањето на овие важни масти. 1. Иритација и сувост на кожата Ако на вашето тело му недостасуваат омега-3 масти, ќе имате чувствителна, сува, зацрвенета кожа а дури и невообичаено зголемување на акни може да биде знак за недостаток на омега-3 кај луѓето. Омега-3 мастите ја подобруваат одбрамбената моќ на кожата со тоа што спречуваат губење на влага и ја штитат од…
Најздраво овошје на светот
Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии. Оксидансите од урмите се совршени заштита за кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак, тогаш најмногу се искористуваат добрите состојки. Плус, влијаат врз расположение, одлични се за кожата и се нешто како природен лифтинг. Урмите или- „лебот на пустината“ содржат 80 % јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави. Лесно се…
Заспаната убавица
Дури ни по третото кафе не успевате да си дојдете при себе а веќе доцните на работа. Постојано ви е на ум мислата како да се вратите во својот убав, топол, мек кревет! Зошто овој свет е наместен според ранобудниците? Решенија 1. Иако станува збор за една од најголемите неправди, помирете се со она што е неминовно и обидете се да ги пронајдете добрите страни: сигурност во работата, интересни колеги, коректни шефови. Ако и покрај сите позитивни страни на т.н.- уреден живот не можете да го поднесете тоа, размислете за некоја…
Витамин Ф за сува кожа и кршлива коса
Станува збор за неопходен витамин кој нашиот организам не може сам да го создаде. Имено, тоа е супстанција од која се синтетизираат другите заситени масни киселини. Овој витамин игра главна улога во создавањето на одбранбената рамнотежа. Што може витаминот Ф да направи за вас? За почеток: помага да се спречи таложењето на холестеролот во артериите, придонесува за здравјето на кожата и косата, дава извесен степен на заштита против штетното зрачење, влијае на активноста на жлездите и прави калциумот да им е достапен на…
Витамин Д – Го има во мрсна риба, жолчка, а најмногу во сонцето
Витаминот Д е потребен за метаболизмот на калциумот и фосфорот, значи, за коските и работата на мускулите и нервите. Тоа е единствениот витамин кој нашиот организам може и сам да го синтетизира под влијание на сонцето. Еве што кажуваат истражувањата: заедно со калциумот ги одржува коските здрави и цврсти. Ја спречува остеопорозата и ги лекува рахитисот и остеомалациите (ослабена минерализација на коските). Го спречува високиот крвен притисок и ризикот од појава на тумор. Знаци на недостиг: проблеми со коските, поголема…
Праска, вашиот чистач на организмот
Праските имаат ниска енергетска вредност - 40 калории на 100 грама, содржат 87 отсто вода, 11 проценти јагленохидрати, а од витамините најмногу се застапени бета-каротин и витамин Ц. Од минералите, праската најмногу содржи калиум, фосфор, магнезиум и калциум, а за разлика од обичните праски, нектарини или голите праски содржат помалку витамин Ц, но повеќе бета-каротин и поголема калориска вредност. Бета-каротинот, витамините Ц и Е и останатите каротеноиди и многуте други фитохемикалии помагаат во онеспособувањето на…
Изгор лето. Совети за преживување
Главоболка, умор, намалена концентрација, забавени реакции, раздразливост...Доколку ги имате овие симптоми, бидете сигурни дека ви недостасува вода, а топлото време, поради потењето, бара повеќе течности, два до три литри дневно. Освен со вода, ќе се разладите и со сок од домати и моркови и ќе ги надоместите загубените минерали, а лесната исхрана ќе ви овозможи енергија и сила. - Елагинската киселина е антиоксиданс што го има во капини, малини, боровинки е совршен чувар од УВ-зрачење. -Пченката е сиромашна со калории и…
Акција слабеење: 24-часовен пост со сокови
Најкраток облик на диетата е 24-часовниот пост со сокови, кои ја подигаат енергијата и брзо го чистат организмот од штетни материи. Во тој период се пијат само сокови од овошје и зеленчук. Диетата не смее да трае подолго од 24 часа, во спротивно, би можеле да се чувствувате исцрпено и лошо. Соковите може да се прават од речиси сите видови овошја и зеленчук, а содржат многу витамини и минерали и лесно се апсорбираат. План на еднодневна диета со сокови Појадок: чаша и пол сок од краставици. Ужина: чаша сок од јужно овошје.…