Browsing Category
Здрави значи убави
Да се подмладите и освежите: Лаванда „евергрин“ мелем
Лаванда асоцира на лето, на топлите денови и на море. Ова дискретно растение успева и кај нас, многу е отпорно и на високи и на ниски температури, а маслото од лаванда, верувале или не, со постојана употреба може да ви го засили имунитетот, да ја избрка несоницата, да ве смири и да ви ја врати енергијата. Еве за што е уште добра лаванда. *Лаванда разладува, маслото смирува и навистина е одлична за спиење. Масажа и упорност, тоа се важните нешта до кои треба да се придржувате при употреба на ова етерично масло. *Пријатната…
Тања Турунџиева за целулитот: За да се „измазни кората од портокал“, треба да се смени исхраната, да се вежба и да се намали стресот
фото-Pixabay Кога е во прашање целулитот, секогаш е иста приказната и истото прашање - може ли сега, во пет до дванаесет, да се направи нешто за целулитот да се намали? „Дури 80% од жените на планетата имаат целулит- вели Тања Турунџиева, нутриционистка. Маснотијата во целулитот, ако се раздвои, е нееластична лента на сврзливото ткиво. Овие ленти се простираат меѓу кожата и длабокото ткиво, каде што се прицврстени- објаснува Турунџиева. „Многу луѓе кои имаат целулит патат и од дебелина. Кога човек се дебелее, масните клетки…
За мажите. Ова мора да го знаете ако сте на диета
Мажите обично јадат лошо: внесуваат малку овошје и зеленчук, многу често не внимаваат на алкохолот и цигарите, потоа- големи гурмани се, обожаваат сосови, пржена храна и мрсни јадења. Но. Ако мажот реши да ослаби, по правило лесно успева во тоа. Не затоа што е порешителен и помалку склон на лекување на стресот со храната, туку затоа што кај нив стомакот полесно исчезнува. Ова се правилата што треба да ги знаат доколку се на диета. - Диетата не смее да биде престрога, зашто би било тешко да се спроведе и би била…
Бања со жалфија, за релаксирање
Дивата жалфија расте на оголените ридови на јужна Франција. Ова лековито растение кај нас најчесто се одгледува како балконско, го знаеме како чај а се користи и за гаргара. Лисјата на жалфијата, покрај тоа што им даваат медитерански шмек на тестенините, често се користат како бања за нега на кожата и за релаксирање. Рецепт: За почеток, 100 г жалфија прелијте ја со 1 литар жешка вода. Оставете да отстои 15 минути, исцедете а потоа измешајте со неколку капки маслиново масло. Измачкајте се со течноста, а потоа ставете ја во…
Зелена салата за мрзливи црева
Зелената салата содржи лактуариум, сок со смирувачко и седативно дејство. Освен што е една од најубавите пролетни салати, кориснаа е кај сите луѓе што имаат недостиг од витаминот А, кај жените со болен циклус, дијабетичарите, влијае врз главоболки, ја подобрува работата на црниот дроб, добра е за мирен сон, и за луѓе со мрзливи црева и со хроничен запек. Салатата игра важна улога во исхраната на болни од висок притисок и срце, заради благопријатното дејство врз водниот баланс: има 27 пати повеќе калиум од натриум што…
Храна за „оние“ денови
Во деновите на ПМС жените се - како во друга дименизија. Тажни, весели, насмеани и плачливи- раздразливост, меланхолја, знаеме сите со што се соочуваме секој месец. Освен интензивните промени на расположението, жените ги мачи и желбата за храна. Слатко, солено или кисело? Зависи од моментот. Затоа, во текот на ПМС често се зголемува апетитот што потоа тешко се контролира. Ајде да видиме што е најдобро да јадете во „овие“ денови- пријдете му на предменструалниот синдром со паметен избор на намирници, кои сигурно ќе ги олеснат…
Лажичка шеќер за совршен пилинг
Имате доволно време да се посветите на себеси и на нега со продуктите од кујна. Без оглед на тоа што застапниците на козметичката индустрија се обидуваат да не` уверат во спротивното, вештачките хемиски производи не се нужно најдобрата нега која може да си ја дозволите за својата коса и кожа. БАНАНА - регенератор за коса Ставањето банана на косата звучи како игра за мали деца, но истовремено тоа е еден од најдобрите и најевтини начини да и овозможите врвна хидратација на вашата коса. Ставете една поголема банана и половина…
Нега на лице во домашни услови
Нахранете го лицето од сопствената козметичка работилница, направете добар пилинг, исклучително важен само за вашиот тип на кожата, нахранете ја и однадвор и одвнатре. Пилинг Направете пилинг за лице во домашната работилница. Помешајте две лажици павлака со една лажица шеќер. Оваа мешавина нанесете ја на влажно лице и нежно тријте ја кожата со полукружни движења. Кожата ќе ви блесне, многу полесно ќе дише и ќе биде подготвена за следниот чекор. Маска за брчки Подгответе ја познатата маска против брчки од портокал и маслиново…
Со храна против алергии
Кивање, шмркање и други нарушувања се карактеристика на пролетните алергии. За среќа, со помош на храната можете да го зајакнете организмот и да ги ублажите овие непријатни симптоми. Брокула, зелка и карфиол Брокулата, зелката и карфиолот помагаат во отпуштање на синусите, а изобилуваат и со витамин Ц, кој се смета за чувар на доброто здравје. Истражувачите открија дека 500 мг витамин Ц дневно може да ги ублажи симптомите на алергија. Во 100 г брокула се наоѓаат дури 90 мг од тој вреден витамин, па секако вреди да се вброи…
Алкалната храна за подобро здравје и за младешка енергија
Нашето тело е алкално, ама внесувањето на одредени продукти го закиселува. Со алкална исхрана навистина ќе го подобрите здравјето, ќе ви се врати енергијата а можете да спречите уринарни инфекции, настанување на камења во бубрезите, да го намалите ризикот од канцер... Во алкални продукти (треба да сочинуваат 75 отсто од исхраната) спаѓаат: цвекло, кромид, лук, ѓумбир, брокули, компир, пиперки, печурки, карфиол, домати, блитва, карфиол, келераба, модар патлиџан, грашок, црн пипер, кељ, коријандер, моркови, целер, репка,…