Browsing Category
Здрави значи убави
Кажете му „збогум“ на стомакот- без диета
Тенок струк и стегнат стомак – можете да имате на било која возраст. Ако мислите дека тоа треба да се случи само со строга диета и сурови вежби на фитнес, имаме добра вест за вас: има 5 едноставни правила со кои ќе ги снема стомачето и наслагите околу половината. Не верувате? Наскоро ќе се уверите сами. Прошетка пред појадокот Дури и не е потребно да трчате – само прошетка со брзо одење. Добриот резултат се должи на доволно количество сончева светлина што го добиваме меѓу 8 часот и ручек, значително го намалува трупањето на…
Жалфија за менопауза
Жалфија има антисептични и антибактериски својства и освен што е корисна кај органите за дишење, го потпомогнува варењето, а добра е и за чиреви и рани.Таа е вистинско женско растение, па не џабе велат- таму каде што успева жалфија, таму господарува жена. Имено, чај од жалфија е ефикасна помош во брановите на жештина (валунга)и на потење во менопауза. Помага и кај наглите промени на расположение и депресија, исто така карактеристични за тој чуствителен период.
Надитрете ја мигрената
Мигрена е наследна болест, ама и покрај тој податок можете да ја спречите доколку ги одбегнувате следните работи. Значи, кога ќе ги почувствувате симптомите на главоболка одбегнувајте чоколадо, црвено вино и кофеин, ако сте ненаспани - легнете да се одморите а истото важи и ако сте гладни. Одбегнувајте силни миризби што ви пречат, чад и силна светлост или отсјај од сонцето.
Растенија – чистачи на воздухот : Со фикус полесно се дише
1. ФИКУС Најраспространето растение што го имаме дома е фикусот. Добра вест е што тој е особено добар за отстранување на формалдехид од воздухот, и е на самиот врв на листата на чистачите на просториите. Фикус сака светлост и умерено полевање. 2. ПАЛМА ОД БАМБУС Ова растение има егзотичен изглед што го оплеменува просторот, но бамбусова палма е и многу корисна. Од воздухот го отстранува бензенот, формалдехидот, хлороформот, јаглерод моноксидот и ксиленот. 3. БРШЛЕН Велат, кај и да го фрлиш, ќе никне. Овој ползавец лесно се…
Неговото величенство, јапонско јаболко
Плодот на јапонското јаболко навистина е прекрасен, од нежно портокалова со тек на време бојата му е се поинтензивна, исто како и вкусот. Најдобро е да ги одбирате оние што се меки а ако се одлучите за тврд плод, па дури потоа консумирајте го. Експресно зрее во друштво на јаболките. Јапонско јаболко содржи многу селен, витамин Ц и витамин Б2, помага во намалување на холестерол и го регулира варењето. Се користи како природен лаксатив, а се препорачува и во исхраната на луѓето кои имаат зголемено ниво на шеќер во крвта.…
Луто за здравје, барем трипати неделно
Постојат видови храна кои според лековитата моќ можат да се мерат со лековите: она од што ви гори устата кога јадете лута пиперка, се вика капсаицин, кој има хемиски сличности со лекот гваифенезин што служи како средство за искашлување и се наоѓа во околу 75 проценти од лековите што се продаваат на рецепт или без него. Алинот, кој му го дава вкусот на лукот, во организмот го поминува истиот процес на промени и влијае слично како и лекот С-карбоксиметилцистеин, кој се користи при проблеми со дишните патишта. Главна активна…
Медицински прирачник на Лујза Хеј: Афирмации со кои ќе оздравите (4)
Лујза Хеј, пионер на афирмации беше основач на движењето за самопомош и зачетник на идејата дека со позитивен став можеме да ја промениме својата реалност, во 1976 година ја напиша првата книга за тоа како да го исцелиме своето тело. Нарушување: Проблеми со грлото Веројатна причина: Неспособност да се искажеме. Потиснат бес. Неискажана креативност. Одбивање да се смениме. Афирмација: Во ред е да креваме врева. Се изразувам слободно и со радост. Со леснотија ги изнесувам своите мисли и ја изразувам својата креативност.…
Кампања.#Здравyeah – со мали чекори до големи резултати
Целосно нова платформа посветена на вашето #Здравyeah. Фармацевтската компанија Фарманова почнува кампања за подигање на јавната свест – со мали промени во начинот на живот како и со додавање на суплементи во исхраната може да се постигнат големи резултати во превенција на сериозни болести. „Човечкиот организам има потреба од одредени витамини и минерали за да функционира беспрекорно, но тие не се внесуваат секогаш преку храната или барем не во доволни количини. Токму тоа е и улогата на суплементите, да го надоместат…
Единствен Spinning® центар – поинаква спортска приказна
Спорт Инн е единствен Spinning® центар во Македонија дизајниран да биде основата на која ќе ја изградите посакуваната форма и физичка подготвеност. Тие нудат spinning® програма која е прилагодлива за сите, кои е дизајнирана според сертифицирани Spinning® тренери кои ќе ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните резултати. „Членската база во Спорт Инн е крајно разновидна, почнувајќи од оние кои за прв пат се среќаваат со тренажен процес, до професионални спортисти кои се подготвуваат за спортски настан и имаат…
Никулци во домашни услови- лесно се одгледуваат и многу се здрави
Никулците се најприродна и најздрава работа, а за да ги „произведеме“ дома не е потребно ништо особено - напротив, можеме да ги гледаме секој ден и растењето да го приспособиме на својот вкус. Во фазата на никнување и ’ртење, волуменот на зрното се зголемува неколкупати. Кога од една чинија за супа ќе оставиме да никне леќа, добиваме салата во количина доволна за тројца возрасни луѓе, ама многу побогата со витамини и минерали од кое било овошје или зеленчук. Таквата салата не го оптоварува организмот, туку е одлична за…