Browsing Category
И ваму и таму
Саша Алексиќ, уметник што создава ремек дела- за јадење
Херојот на овој текст е Саша Алексиќ (26) а она што тој го прави, обликува, црта и декорира се вистински уметнички дела. И целата негова приказна е апсолутна потврда дека талентот надоен со креација создава чуда. Така се родија тортите „а ла Модиљани“, Фрида Кало, мафини со делата на Ван Гог... - Живеам и работам во Ниш, Србија, како графички дизајнер- раскажува овој млад уметник. - Хоби ми е слаткарство и со него почнав да се занимавам уште од 2012 година, кога првпат правев и декорирав медењаци. Подоцна се испробав и во…
Повеќе од тренд. Цвеќе што се јаде
Во нашата кујна користиме цвеќе, а за тоа и не сме свесни - артичока, брокула и карфиол, но, дефинитивно, цвеќето не само што ја краси куќата туку и софрата! Консумирање цвеќе е традиција стара неколку илјади години. Во многуте јадења на Блискиот Исток и во Персија се користат ливчиња на роза и портокал. Цветот на цреша и хризантема беше популарен во Јапонија. Темјанушка и невен можат да послужат како шарен украс за салати и десерти. Ливчиња на каранфил се дел од составот на познатиот француски ликер Chartreuse, чиј рецепт и…
Во петок, фестивал на јадење книги, по 9-ти пат
Како и секој април во текот на изминатите 8 години, сендвичарата „Пепер“ и рубриката за култура „Букбокс“ на порталот офф.нет ја слават врската помеѓу јадењето и читањето. Овој пат на уживањата тие им додаваат и трет елемент - музиката. Главната тема оваа година е „Книги и музика“. Принципот е едноставен и ист како и претходно: секој носи домашно приготвено солено или благо што асоцира на главната тема, тоа се поставува на заедничката софра, а потоа со гласање на присутните се одредуваат и наградуваат трите најдобри дела. На…
Македонска кујна на Kitchen TV: „Сончева гозба“ со Дејан Карапеев
Велат дека во Македонија секој ден е гозба. Познатиот македонски готвач Дејан Карапеев им пренесува на гледачите дел од гурманската магија на оваа убава земја, но и од Медитеранот, каде што живеел долго време. Боите, вкусовите и мирисите, кои Дејан со леснотија ги презентира, никого не го оставаат рамнодушен. „Сончева гозба“, првиот серијал за македонската кујна, снимен ексклузивно за единствениот регионален кулинарски ТВ канал, премиерно почнува да се емитува во понеделник, 8 април во секојдневните термини од 8:00, 14:00 и…
Во сабота: Часови за готвење слоу фуд продолжуваат со – протеински растенија
Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ продолжува со нова тура часови за готвење со инструктори-професионални готвачи. Серија „Часови за готвење слоу фуд“ продолжува на 23. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот со „Протеински растенија“. Со помош на инструкциите на шеф Зоран Мајновски ќе се готви: - хумус од наут со брускети од домат и босилок - ќофте од леќа во сос од морков - бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини. На сите часови учениците-готвачи…
Дејан Кузманоски: Во Шибеник готвам тавче – гравче и посна сарма
Оние што „нуркаат“ во кујна, поточно- сите ние што готвиме, ја знаеме тајната поврзана со храната и љубовта. Звучи субјективно но сеуште мислам дека само добрите луѓе готват, несебично се даваат сецкајќи, пржејќи, смислувајќи рецепти.... А принесувајќи го јадењето на софра, да, како деца треперат во исчекување на некој коментар... Не сум пробала ништо од „менито“ на Дејан Кузманоски, но фотографиите што одвреме- навреме ги објавува на својот „ф-б профил“, често оплеменети со некој стих, некое зборче, откинато од длабините и…
РЕПОРТАЖА. Емир Кустурица го има Дрвенград
Во западниот дел на Србија, помеѓу Тара и Златибор, на само 4 километри од Босна и Херцеговина сместена е Мокра Гора. И веројатно, ќе беше вообичаен пејсаж за тој предел, да не се случеше Дрвенград: глетката е прекрасна, како да сте во некој Дизниленд за возрасни, ама преполн со асоцијации, што ги осмисли неговиот „татко“, режисерот Емир Кустурица. Сини врати, зелени прозорци, дрвени и скали од камен, сокачиња по кои одвреме- навреме мрзливо ќе се протегне понекој мачор, и постојана врвулица од луѓе. Времето стои, или можеби…
„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“: Дојдете на роденденска торта
Утре, во Веро- центарот, ќе се случува популарната манифестацијата „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“. Традиционално и по десетти пат , јубилејот ќе помине со многу богата програма - изработка на роденденска торта, интересни гости, прогласување на најубавите торти... Стартот е од 11ч, Ване Маркоски и Ирена Спировска како домаќини ќе го најават предизвикот- изработка на големата роденденска торта, која потоа и ќе се дегустира. Ќе биде тоа вистински празник за очи а неа ќе ја подготвуваат шефовите од „Гастромак“. Богатата програма ја…
Репортажа. Ненад Секирарски – Бали : убавина, вистина и едноставност
Две ипол години креаторот Ненад Секирарски очите ги полни со млади оризови полиња, интензивна зелена боја, а насмевката, неговата вечна придружничка, му доаѓа од душата. На Бали се дојде на своето место, се наместија неговите коцките од животот, бликна и блесок и смисол. Токму затоа, херојот на репортажата, Секирарски, вели дека на овој остров на духовноста и вистината се чувствува како свој на своето. Бали, мојот втор дом Да, за многумина местото од соништата Бали, мене ми стана секојдневно опкружување и големо задоволство.…
ГАСТРОНОМСКИ БЕЛЕШКИ. Chef Маре Јаневска – Женското готвење, чиста емоција и љубов
Оние што ги вкусиле специјалитетите на Маре Јаневска, ама и сосема „обичните“ работи што ги обликува со умешност и љубов, меѓу кои и потписничка на овие редови, се согласиле на безусловна капитулација пред нејзините чинии. Таа е една од ретките жени присатни во македонската гастрономија, амбициозна, вредна и креативна личност која успешното котира меѓу своите колеги мажи,и да, ќе констатирам- навистина блеснува со полн капацитет. Велат дека само среќните луѓе добро готват, и уште - дека гурманите најуспешно се „нурнуваат“ во…