Browsing Category
И ваму и таму
Владимир Крстевски – Франц: Во Лос Анџелес никој не е странец
„Првото чувство што човек го има кога ке излезе од аеродромот на Лос Анџелес е дека му е некако позната околината. Толку сме навикнати да го гледаме Лос Анџелес по филмови што веќе секој си го чуствува како свој. Мислам дека каде и да поставиш камера во тој град ќе најдеш добар кадар за во филм или видео, какво и да е.Широки сончеви улици, украсени со палми и со некои декоративни цртежи по зградите и куќите кои горе доле имаат повекето хиспано хациенда стил е одбележието на Лос Анџелес“, вели музичарот Владимир Крстевски-…
Владимир Василевски – Четкар: Њујорк, мојата урбана убавина
Првата средба Точно се сеќавам - во Њујорк дојдов само на викенд, но ме опчини енергијата и раздвиженоста и си ветив себеси дека еден ден ќе се вратам, ама на подолго време. Тоа и се случи неколку години подоцна, кон крајот на 2007, кога од Бостон се преселив во Њујорк. Но, фасцинацијата од и со градот не ми го олесни животот, напротив. Првата година беше навистина тешка, се соочив со предизвиците за кои не можев ни да сонувам дека ќе ги има. Ми требаше доста време да разберам дека треба да се натпреварувам со моите идоли...…
Танзанија низ окото на Игор Митровиќ- Два пати прележав маларија
-Во Танзанија е непријатна маларијата. Јас ја преживеав два пати. Тука е лесно излечива болест, за разлика како се гледа на тоа во Европа. Секако, доколку не се лекува од маларија, тогаш доаѓа и до она нај опасното. Од секогаш ме нервирале комарците, ама тука почнав да ги мразам, вели поп пејачот Игор Митровиќ, кој веќе неколку години живее во Дар ес Салам, најголемиот град во Танзанија. Но, и покрај комарците и маларијата Игор вели дека убаво се живее и дека она што во Македонија не можел да си го дозволи и покрај добрата…
Гордана Деан Попхристова од Еквадор- И најсиромашните не гладуваат
Еквадор е рај на земјата, во тоа веруваат жителите а откако почнав да живеам и јас верувам дека е така, вели Гордана Деан Попхристова, која со ќерката Јоана и сопругот актерот Кирил Попхристов веќе неколку години живеат таму. Тие живеат во провинцијата Санта Елена, но заради работата, своето студио по модерни танци, Гоца се пресели во главниот град Кито. За сите овие години живот далеку од дома таа има само пофални зборови и вели- на одмор само во Еквадор. Вечно лето Во Еквадор постои верување дека кога Господ го создавал…