Моден викенд : Ослободете го умот со модните парчиња на Error Kolektiv
Со ревијата на ,,Error Kolektiv” се затвори овогодинешното осумнаесето есенско издание на „Моден викенд – Скопје 2018“, составена од трите бренда ,,Em Elephantski” ,,ATAMI” и [0.10] Error of harmony.
Минималистичко и неконвенционално, слоевитите парчиња облека и модели кои ги урнаа стереотипите на пистата, ја репрезентираа приказната за еден дистопичен свет во кои се величи разноликоста и апстрактното.
Подржувајќи ја визијата за скејтбордерската култура како начин на живот, Error Kolektiv на автентичен начин ја долови пораката и идејата, со што го доближи Скопје до нешто светски и урбано.
Ревијата беше придружена со нетипично морничава музика и движења на моделите кои со својот исклучителен имиџ ја оплеменија атмосферата и го возбудија индивидуалистот во секој од нас.
Трите уметници и творци со своите лични траги сами по себе се посебна приказна која се обединила во едно естетско единство. На пиедесталот се урамија разноликоста и слободниот ум со кои се опфатија сите наши сетила, креирајќи хармонија и единство од разлики. Препознатливи за домашната публика, единствени и свои, Error Kolektiv со својот уникатен печат на уметничките идентитети убедливо претставува почеток на нешто светско а сепак наше, кое го доближува градот до алтернативните и уметнички форми на изразување, создавање и живеење.
Анастазија Колевска