Благица Павловска на свадба со три кучиња
Фолк пејачката Благица Павловска на свадба кај колешката Јасмина Мукаетова пристигна со трите нејзини кучиња. Таа е голем љубител на животните и не само што дома чува три миленичиња, туку е позната по тоа што им помага на напуштените и повредени животни. -Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат. Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од…