Ал Пачино (78)има девојка која е 39 години помлада од него. Тоа е израелската актерка и пејачка Меитал Дохен (39), со која, како што наведува американскиот Page Six, од близок пријател на актерот, се неколку месеци заедно, постојано се гледаат и многу се среќни. Парот неодамна бил виден на вечера во ресторан во Лос Анџелес.
-Прво сакаа нивната врска да биде голема тајна, но сега веќе не се кријат, рекол пријателот на Пачино.
Новата девојка е позната по улога во хумористичната серија „ Weeds“, но и по книгата „Љубов и останатите лоши навики“. И двајцата живеат во Лос Анџелес и се уште не е познато како се запознале. На Пачино фетиш му се младите жени. Пред Дохен се забавувал со аргентинската актерка Лусил Сола.