Викендов во Риека, Хрватска ќе се одржи традиционалниот фестивал „Етно Порт“ , на кој како претставници од Македонија ќе настапат „Есмас бенд“.
-Планирано е да се направи ретроспектива на сите хитови на нашата мајка Есма. Ќе настапиме и со дел од песните што ке бидат и на цедето кое што треба во октомври да го издаде реномираната Француска издавачка куќа „Акорд кроисес“, со која веќе потпишавме договор за издавање. Оваа издавачка куќа планира промотивни турнеи кои што ќе се одржат низ цела Европа. Нашата цел е да ја продолжиме традицијата и аманетот кој што ни го остави нашата Мајка Есма, Вели Симеон Атанасовски.