Фолк пејачката Ирена Вељовска вечерва во женско друштво го слави 35 роденден. Со балони, маички на кои пишува „мајстор за проблеми“ и специјален поклон другарките и колешките и го честитаа роденденот. Заедно со неа се забавуваа колешките Сања Гроздановска- Сани, Андриана Кеш, другарките Убавка и Ивана и сестра и Николина, со кои направија луда женска журка.
Изненадувањето за Ирена стасало веднаш откако ги дувнала свеќите и си замислила роденденската желба. На вратата заѕвонил некој и оставил торта на која пишувало- омажи се за мене прстен. Ирена вели дека е изненадена и не знае кој е тајниот обожавател. А другарките велат-лаже.