Легендарната пејачка Нада Обриќ годинава ќе настапи на јубилејното 25 издание на Интернационалниот фестивал „Охрид фест“ , кој ќе се одржи на 6,7 и 8 септември во Охрид. Нада ќе настапи првата вечер и заедно со публиката ќе ги испее своите безвременски хитови
-Многу се радувам на доаѓањето во Охрид и на средбата со мојата македонска публика. Во Македонија имав незаборавни концерти, кои засекогаш ќе ми останат во сеќавањето. Тоа се убави, срдечни луѓе кои ја сакаат музиката. Првиот ден од фестивалот ќе имам свое шоу и ќе отпеам дел од моите песни. Знам дека во Македонија се радо слушани. Исто така во сеќавање ми е и македонската кујна, тие единствени специјалитети, по кои Македонците се надалеку познати, вели Нада Обриќ.
Оваа година е успешна година за Обриќ, која со својот глас остави златен траг на музичката сцена во поранешна Југославија. Издавачките куки „Југотон“ и „ Кроација рекордс“ издаде троструко цеде со 50 нејзини хитови, односно антологиска збирка која донесува само дел од нејзините најубави песни, кои и ден денес се пеат.
Фото: Никола Кнежевиќ