Овој викенд се случи мини модна ревија на светскиот бренд Wolford, поконкретно на креаторката Мерита Харџи Кочи (МХК) од Косово, каде на едно место ги видовме модните икони – Светлана Црнокрак, Вера Мештеровиќ, мисица и прва придружничка Билјана Јаневска, водителката Ведрана Ѓоргевиќ и манекенка од модното студио Моделс ин.
Инаку, Fashion lady e формирана во 1998 година, и е застапник за светски реномирани брендови Wolford, Palmers, Balizza i Merita Hardzhi Koci за Македонија. Веќе следната, 1998 година е отворен првиот специјализиран моношоп на Wolford и е прв моден салон на бренд во Македонија.
МХК е модна дизајнерка од Приштина, Косово која креира ексклузивни фустани, а нејзината етикетата покажала брз успех во продажбата на модниот пазар со првата колекција-за само две недели.
Коментарите се затворени