Фотографиите од шестото издание на „Гастромак 2022“, забележани работни часови, запознавањето на храна и локалните специјалитети, понекоја голтка од најдобрите македонски вина.., се пред вас а тие ги имаат впиено емоциите од овој проширен гастрономски тим.
„Гастромак“ ја исполни својата цел: со гостите- етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ и Вуко Митровиќ, преку нивните предавањата и мастер класови во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ и со одличниот тим и средношколците од „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а потоа потпомогнати од домашните сили: шеф Никола Мишковски, шеф Горан Филипов и готвачот Блажо Ресавски, ја правеа прочуената чорба од тиквешки сом, ја посетија фабриката „Кожувчанка“, имаа средба со Градоначалникот на Кавадарци- Митко Јанчев, и престојуваа во преубавиот мотел „Моклиште“.., со што се создадоа спомени кои ќе бидат инспиративен пат до следното издание на „Гастромак“.
За паметење е и гала- вечерата во гламурозниот Austrian Palace Hotel, кои беа тука и за „добредојде“ и за „догледање“ па последниот ден приредија и ручек за гостите и секако големите пријатели на Гастромак, винаријата и ресторанот „Камник“ кои по дегустацијата на нивните фантастични вина со Наталија Кузмановска, ја промовираа и својата вкусна кујна.
Се гледаме во 2023!
Вања Тодоровска
„Austrian Palace“
„Камник“
Средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“
Средношколците од „Наум Наумовски Борче“ во Крушево
Фабрика „Кожувчанка“
Винарија „Кралица Марија“
Винарија „Попова кула“
Приготвување на сос од „Вранец“
Чорба од тиквешки сом
Стево Карапанџа и Бесим Латифи од New Albis
Градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев
Домаќини и гости од „Моклиште“
Најубавото за крај- колачите Della Nonna
Коментарите се затворени