Македонски фуд фестивал во Мелбурн- Ќе се слави културата преку храна, песна и оро

На 28 октомври во Мелбурн, Австралија по седми пат ќе се одржи Македонскиот фестивал на храна.  И овој пат македонските културно уметнички друштва, спортските клубови, заедно со социјалните друштва ќе ја претстават нашата култура преку храна, песна и оро.

-Се почна во 2012 година во Williamstown, кога се одржа првиот фестивал.  Како се зголемуваше фестивалот, така баравме се подобри и поголеми локации. Неколку години се одржуваше во Саут Морен и еве годинава повторно дојдовме во западниот дел од градот. Ако вистински сакаме да ја промовираме македонската култура, треба да бидеме насекаде. Со години овие самоиницијативни борци доброволно работат за да истакнат се што е македонско, вели Лидија Нешковски, која скоро 10 години е претседател на МАСО (Macedonian- Australian community organization).

Фестивалот е на само една недела пред Melbourne Cup, и се одржува во Footscray Park, кое е во непосредна близина. Затоа и се очекуваат многу посетители од странство.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена