Маја ќе стане мајка: Не можам да се навикнам со стомаче

Поранешната манекенка Маја Лазаровска- Станимировиќ ќе стане мајка. Таа е во шестиот месец од бременоста и пред Нова Година се очекува да роди ќеркичка, која по желба на неа и нејзиниот сопруг, кошаркарот Дарко, ќе се вика Каја.

-Сите жени во бременоста качуваат килограми, само јас не. Ослабев шест килограми, бидејќи првите три месеци тешко ја поднесував бременоста. Затоа и воопшто не ми се познаваше, бев многу слаба.  Но, сега е се во ред и се уште ми е чудно. Не можам да се навикнам со стомак.  Ќе се породам во Мелбурн, но потоа, кон крајот на пролетта сакам да дојдам во Скопје и да поседам неколку месеци. Ќе го бркам летото. Овде ќе почне зима, кај нас лето и обратно.  Убаво е кога се има таква можност, секогаш на топло“, вели Маја.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!