Пејачката и диџеј Мими Велевска ја освојува Австралија- Настапи со Кејти Пери, сега и со Ники Минаж

Пејачката и диџеј Мими Велевска,  од  Мелбурн, полека но сигурно ја освојува Австралија. Таа веќе неколку години е познат диџеј низ целаиот континент, а во јануари ќе настапи на турнеја со Ники Минаж, каде покрај диџеј сетовите ќе ја промовира и својата прва песна  „Лошите девојки знаат“. Мими и не можеше да сака нешто друго освен музиката и уметноста, бидејки и двајцата родители и се уметници, татко и Томе е музичар и танчер а мајка и Славица е уметник.

-Моите родители ми ја пренесоа љубовта кон музиката. Татко ми е музичар и танчер, а мајка ми е уметник, и тие ме воспитаа во духот на музиката и уметноста.  Тоа беше поттик и за мене. Почнав да свирам пијано кога имав четири години, веќе на 11 пеев, а кога имав 17 години се запишав на студии за џез музика, па почнав и да свирам.  Имам настапувано на сите најголеми фестивали во Австралија, настапував со TLC, Kејти Пери, Стив Аоки и следната година ќе настапам  со Ники Минаж на фестивалот ФОМО 2019.

Мими на еден од настапите со Кејти Пери

Колку е тешко да се успее во Австралија?

-Има многу можности да се направи успешна кариера  во Австралија, но за да се постигне тоа  потребно е учество на големи фестивали и со популарни пејачи. Најважно од се потребно е многу, многу напорна работа.

Што си повеќе диџеј или пејачка или и двете заедно ги спои?

-Работам со полно работно време како диџеј и настапувам на многу настани, фестивали, приватни забави, што значи засега повеќе сум диџеј. Диџеите се многу популарни за настани во Австралија. Но, секако дека и пеам. Се правам за мојата уметност а тоа е создавање музика.

Кажи ми нешто повеќе за твојата песна, дали е тоа твојот стил со кој понатаму ќе градиш кариера?

-Мојот стил на музика што ја пишувам е во стилот на диџеј – понекогаш поп, понекогаш хаус, понекогаш хип- хоп. Песната треба да биде позитивна и да крева. Ете тоа е мојот стил.  Добрата забава вообичаено  има различни жанрови а и мојот животен стил ќе биде сличен на тоа.

Со твоите настапи се уште си позната само во Австралија, но што е потребно за светска криера?

-Презадоволна сум од она што досега го постигнав, сепак, сè уште треба да ја освојувам Австралија. Прво неа.  Но, би сакал да успеам на светско ниво како диџеј и како пејач. Се надевам дека  понатаму со добри песни можам да излезам надвор од Австралија и да настапувам низ светот.

Дали имаш идеја нешто од македонскиот  мелос да вметнеш во твоите сетови?

-Не знам, можеби. Како тоа што го прави Кирил Џајковски. Може.

Колку често доагаш во Македонија и дали би сакала тука да настапиш?

-Досега  10 пати сум била во Македонија и навистина уживам кога ќе ја посетам. Секако дека би сакала да настапам. Би уживала.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!