Тања не застана, за три месеци го прошета светот: Не можам да си дојдам на себе, спиев 16 часа

Фолк пејачката Татјана Лазаревска пред заминување за Австралија го сними спотот за песната „Моќна кралица“ за која музиката  ја направи Секо Мемедов, текстот е на Горан Тодоровски а асранжманот на Љупчо Соколовски.  Спотот го сними на неколку локации во Њујорк, додека беше на турнеја низ Америка.

-После 15 години настапив во Америка и неминовно беше за новата песна таму да направам спот. Всушност тоа претставува разгледница низ Њујорк, каде ги посетивме најпознатите локации како Тајм сквер, мостот Бруклин и уште неколку. Им благодарам на Горан и Секо за убавата песна, таа си го најде патот без спот, цело лето се пее, бидејќи ја снимав во студиото на Љупчо Соколовски пред три месеци, веднаш кога дојдов во Македонија. Но, од презафатеност не можев порано да го снимам. Сепак, убаво се наместија работите и уште подраго ми е што се сними во Њујорк, вели Татјана, која пред неколку дена, после три и пол месеци одмарање во Македонија, си замина за Австралија и од таму порача:

-Во Македонија поминав незаборавно лето. И не само тоа,па јас за три месеци го поминав светот. Дојдов од Австралија, па Македонија, па Америка и еве сум повторно во Австралија. Преморена. Кога стасав спиев 16 часа. Време е да се вратам на обврските и на мојата публика овде во Австралија.  Да се подружиме неколку месеци, бидејќи новогодишните празници ќе ги поминеме во Канада, вели пејачката.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена